На “Кременатец” одбележан 9-Мај Денот на Европа
Денес, со посета на Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Кременатец“ и споменикот на паднатите борци пред општинската зграда во с.Белчишта и бистата на Трајче Дојчиноски, со положување свежо цвеќе и историски час одбележавме 77 години од победата над фашизмот.
Ние, граѓаните на Дебрца сме посебно горди на овој Ден, бидејќи Дебрца е местото каде се исковани најголемите придобивки од НОАВМ, 1941-1945 година.
Работилница: Белчишко Блато како заштитено подрачје,воспоставување и ефективно управување
Четврток и петок (5-6- Мај) во новите простории од “Изложбениот центар на Белчишкото блато” во с.Белчишта ќе се одржи работилницата во рамките на проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“, кој започна на 1 јуни 2020 г. и ќе трае до 31 мај 2022г. Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо-економските
вредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје, теренски истражувања и
јакнење на свеста на локалното население за придобивките и значењето на блатото. Проектот е
финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF) –
кои го препознаа блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата на нашата
држава.
Агенда за 5 мај (четврток)
10.30 – 10.35 ч. Вовед во работилницата, Ѓоко Зороски, Здружение за екологија и туризам
„Екотуризам 2016“, Охрид и обраќање од претставник од Општина Дебрца
10.35 – 10.55 ч. Остварување на заштитата на живеалиштата и екосистемите: состојби на
зачуваност, мерки за зачувување и заштита, еколошки значајни подрачја
10.55 – 11.15 ч. Категоризација на заштитени подрачја
11.15 – 11.35 ч. Начин на прогласување на заштитено подрачје
11.35 – 12.00 ч. Отворена дискусија
12.10 – 13.00 ч. Закуска
Агенда за 6 мај (петок)
10.30 – 10.35 ч. Вовед во работилницата, Ѓоко Зороски, Здружение за екологија и туризам
„Екотуризам 2016“, Охрид
10.35 – 10.55 ч. Планови за управување со заштитени подрачја
10.55 – 11.15 ч. Режим на заштита на заштитени подрачја: зонирање
11.15 – 11.35 ч. Должности на сопствениците, односно корисниците кон заштитеното
подрачје
11.35 – 12.00 ч. Отворена дискусија
12.10 – 13.00 ч. Закуска
Во Слатино одбележани 21 година од масакрот кај Вејце,Тетово
Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето и посета на спомен собата на водникот Игор Костески, заедно со припадници на специјалната единица “Волци”, боречката организација за Охрид и Дебрца, месната заедница, роднини и месно население денес во село Слатино, Славна Дебрца се потсетивме на најтажниот ден во поновата македонска историја, денот кога пред 21 година , кај Вејце, Тетово на подмолен начин беа убиени и масакрирани 8 припадници на вооружените сили на Република Македонија ( 4 припадници на специјалната единица на АРМ “Волци”, меѓу кои и водникот Игор Костески и 4 припадници на посебната единица на СВР Битола ).
Нека им е вечна слава на македонските херои.
Вејце не смее ниту да се заборави, ниту да се прости.
Се одржа состанок за ажурирање/ре-формирање на билатералното тело за управување од регионот на Охридското Езеро- УНЕСКО помеѓу Македонија и Албанија.
Градоначалникот Ногачески панел дискутант на Конференцијата „ЕУ за општините“
Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески во среда (23.03.2022 год.) како панел дискутант ќе учествува на Конференцијата насловена „ЕУ за општините“, која е заеднички настан на програмите финансирани од ЕУ „ЕУ за општините“ и „Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија“.
На овој хибриден настан ќе бидат презентирани проектите поддржани во рамките на двете програми финансирани од Европската Унија.
Покрај поздравните говори, предвидено е и формално потпишување на договорите за кофинансирање и поддршка на општините, две панел дискусии, како и работилница за оперативните/административните барања и барањата за видливост.
Градоначалникот Ногачески заедно со Г-дин Гоце Толески, раководител на Заедничкиот технички секретаријат на Програмата за прекугранична соработка на ИПА Северна Македонија – Албанија, Г-ѓа Ана-Марија Маџар, член на советот на округот Чонград меѓе (Csongrád Megye), известувач на Комитетот на регионите за Пакетот за проширување на ЕК до 2022 и Г-дин Пали Колефски, градоначалник на општина Пустец ќе дискутираат на тема “Прекуграничните предизвици на локалните власти и изгледите за повик за предлози во рамките на ИПА III.”
Главната цел на настанот е промоција на проектите поддржани преку програмите финансирани од ЕУ „ЕУ за општините“ и „Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија“, како и отпочнување на првата од тематските мрежи за дигитализација.
Сите сесии ќе се одржуваат во хибриден формат, ќе бидат пренесувани преку зум, како и на социјалните медиуми.
• За онлајн присуство на конференцијата, можете да се регистрирајте се на следниот линк https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_vdCX00qSQUmiUpMUUDaKOQ
Во прилог целосната агенда на настанот:




