Select Page
Закажана 4-та седница на Советот на општината Дебрца

Закажана 4-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 4-та седница на Советот на општината Дебрца

 

Ја свикувам 4та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден  28.01.2022 година (петок), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:                                                                      

 

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на записник од 2-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Усвојување на записник од 3-та седница на Советот на општина Дебрца
  3. Предлог Одлука за утврдување на стапките на даноците на имот во општина Дебрца
  4. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2021 година
  5. Предлог – Одлука за предавање во сопственост на движна ствар – возило за собирање на комунален отпад – половно товарно, марка Scania P4x2 на ЈКП „Дебрца“
  6. Предлог – Годишна програма за изработка на Урбанистички планови за Општина Дебрца во 2022 година
  7. Предлог – Одлука за именување на членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – с.Белчишта
  8. Предлог – Одлука за именување членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – с.Белчишта
  9. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Решението за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈПКД Дебрца за регулиран период 2022-2024 година од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ (бр. УП108-62/21 од 04.10.2021), и донесување на предлог тарифи-цени за снабдување со вода за пиење или водоснабдување за домаќинства и останати (правни лица)
  10. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлукаа за усвојување на Решението за утврдување на тарифа за собирање на урбани отпадни води на ЈПКД Дебрца за регулиран период 2022-2024 година од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ (бр УП108-63/21 од 04.10.2021), и донесување на предлог тарифи – цени за собирање на урбани отпадни води за домаќинства и останати (правни лица)
  11. Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош

 

  • Советнички прашања

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Илчо Алексоски

Известување за јавна дебата за проектот- енергетска ефикасност во јавниот сектор / општина дебрца

Известување за јавна дебата за проектот- енергетска ефикасност во јавниот сектор / општина дебрца

Врз основа на одлуката на советот на општина Дебрца, одржана на ден 31.05.2021 година општина Дебрца до Министерството за финансии поднесе апликација за добивање на под-заем во рамките на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, со цел финансирање под-проектот:

“Модернизација на јавното осветлување/ замена на постојните улични светилки со нови лед светилки во населените места во општина Дебрца”.

Поднесената апликација е прифатена и следниот чекор е одржување на Јавна дебата со заинтересирани граѓани, на која ќе биде образложен аплицираниот под-проект.

Јавната дебата ќе се одржи на ден 27.01. 2022 година / четврток/,  во салата за седници на советот на општината, во административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта, со почеток во 12.00 часот.

На Јавната дебата може да присуствуваат заинтересирани граѓани и претставници на месните заедници.

Градоначалник,

Зоран Ногачески

Соопштение од ЈКП Дебрца

Соопштение од ЈКП Дебрца

Се известуваат жителите на село Горенци и горниот дел на село Требеништа дека денес и утре, 19 Јануари ќе има прекин во водоснабдувањето.
Причина се работите на поврзување на новата водоводна линија, кои ги врши изведувачот на работите на изградбата на автопатот, фирмата Синохидро.
Ве молиме за разбирање.
Директор, Димче Андрески
Димче Андрески избран за нов директор на ЈКП “Дебрца”

Димче Андрески избран за нов директор на ЈКП “Дебрца”

Со решение на градоначалникот Зоран Ногачески за нов Директор на Јавното претпријатие за комунална дејност “Дебрца” –именуван е Димче Андрески, дипломиран економист и магистер по архелогија.
На средбата со новиот директор разговаравме за состојбите во ЈКП при што ја истакнав мојата безрезервна поддршка на Јавното претпријатие.
Заеднички констатиравме дека неопходно е организирано, систематско и континуирано ангажирање и на општината и јавното претпријатие заради подигање на квалитетот на комуналните услуги на уште повисоко ниво, соодветно на потребите на граѓаните на општина Дебрца.
Заедничка цел ќе биде постигнување на што подобри резултати во работењето, врз база на целосно искористување на капацитетите, максимално подигање на нивото на услугите, максимално искористување на вработените и опремата, а во исто време и максимално намалување на трошоците на работењето.
Преку навременото и квалитетно вршење на комуналните услуги да бидеме поблиску до граѓанинот, да имаме што е можно почиста општина, поубава и со зелени површини, доволно здрава вода за пиење, системи за одведување на отпадните води.
За крај сакам да му се заблагодарам на претходниот ВД директор Игор Крцоски – Манце за досегашната соработка и неговиот ангажман во ЈКП Дебрца. – потенцираше градоначалникот Ногачески по средбата.
Новогодишна честитка од градоначалникот Ногачески

Новогодишна честитка од градоначалникот Ногачески

Почитувани сограѓани,

Сакам најтопло да Ви ја честитам Новата година со најискрени желби.

Посакувам во новата година да го исполниме нашето секојдневие со љубов, верба и надеж и заеднички да продолжиме да ја градиме нашата и иднината на нашите деца.

Пред два месеци повторно ја добив Вашата доверба да бидам градоначалник на општина Дебрца, да бидам првиот меѓу Вас, еднаквите. Дадовте силна поддршка на концептот “Заедно за Дебрца”, чија основна водилка е дека секој е важен и секој ќе биде важен.

Секој граѓанин заслужува подостоинствен живот, заслужува да биде разбран, почитуван, спокоен, радосен, бидејќи во сето тоа е смислата на нашето живеење.

Привилегија е да се работи за доброто на секој жител на општината, но и голема обврска довербата да се оправда.

Не попусто е кажано дека секој е ковач на сопствената среќа. Ако е така, ајде сите заедно да ја исковаме нашата колективна среќа, како виза за помирна, поспокојна и поубава иднина .

Очекувам и во наредната 2022 година да останеме фокусирани на нашата визија и сите заедно посветено да работиме на остварување на нашата заедничка цел, подобра и понадежна општина Дебрца.

Драги сограѓани,

Среќна Ви Нова 2022 година.

Нека бидеме благословени и исполнети со многу здравје, среќа, бериќет и успех.

Да сме живи и здрави.

Искрено ваш.

Зоран Ногачески

Градоначалник на општина Дебрца

Проектна ретроспектива за 2021 година

Проектна ретроспектива за 2021 година

Последните денови од годината вообичаено се прави ретроспектива на тоа што сме оствариле во годината што изминува.
Наша констатација е дека голем дел од планираните проекти успешно ги реализиравме.
Дел од проектите останаа незавршени поради се уште присутната ковид криза и фактот што во последниот квартал од годината беше изборната кампања и локалните избори.
➡Преглед на дел од реализираните проекти во 2021 година:
👉санација на балон салата во село Требеништа и изработка на акрилна подлога на тениското игралиште -175.000 денари, буџет на општина,
👉санација на внатрешниот дел од старата училишна зграда во село Песочани (замена на старите прозори и врати со ПВЦ столарија, малтерисување на оштетените делови од внатрешните ѕидови, молерисување, поставување на ламинат, електрична инсталација, санација на влезна скала), вредност 303.897,00 денари, Буџет на општината,
👉монтажа на нов котел за парно греење во ПОУ с.Лешани, донација на фирмата Милкуз Дооел Охрид,
👉изведба на индивидуални приклучоци на канализационата мрежа во село Волино, вредност 2.360.000 денари, буџет на општина Дебрца,
👉санација на дел од старата училишна зграда во село Слатино (санација на кровната конструкција, три простории во објектот, надворешната врата и прозорци и предната надворешна фасада) и отворање на Спомен соба за Игор Костески, македонски бранител, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година, вредност, буџет на општина,
👉комплет спортска опрема и фудбалски топки за ФК Слатино, вредност 60.000 денари, буџет на општина,
👉набавена е приклучна механизација – мулчер, кој се приклучува на ровокопач и првенствено ќе се користи за чистење на вегетацијата околу општинските и пристапните патишта, вредност 355.950,00 денари , Буџет на општината
👉набавено е специјално возило за комунален отпад, вредност 1.180.000 денари, буџет на општина,
👉реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во с. Брежани во планинарски дом, вредност 80.000 евра, ИПА Програма за прекугранична соработка Македонија-Албанија,
👉уредување на дел од централното подрачје во село Оздолени (санација на просторот околу споменикот во центарот, санација на постоечки бетонски скали и парапети, спомен обележјето, поставување на 60 м2 бекатон плочки, поставување на метална настрешница ), вредност 327.500 денари, Буџет на општината,
👉реконструкција на кровот на селскиот дом во село Лактиње, вредност 549.750 денари, Буџет на општина Дебрца,
👉реконструкција на кровот на објект на месна заедница село Ново Село, вредност 412.480 денари, Буџет на општина Дебрца,
👉Санација на спомен обележјето во центарот на селото. Лактиње, вредност 30.000 денари, буџет на општина,
👉изградба на доводниот цевковод во должина од 730 метри, набавка и монтажа на пумпна станица, електрична енергија и ставање во функција на новиот извор-бушотина за водоснабдување во село Требеништа, вредност 2.824.211 денари, буџет на општина,
👉уредување на улица во село Белчишта- изградба на тротоар со ширина од 1, 5 метри, на влезната улица во село Белчишта, на потегот од мостот на Голема Река до центарот на селото, во должина од 470 метри, вредност 1.559.706 денари, Програма за развој на села,
👉доизградба на фекална канализација за село Волино, во должина од околу 500 метри,вредност 2.608.375, Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби,
👉санација на спомен чешмата во Сливовски Анови, вредност, 235.762 денари, буџет на општина,
👉тампонирање на пат до црква Св.Петка, во село Требеништа, во должина од 1 км, вредност 944.000 денари, буџет на општина,
👉тампонирање на пат во местност Рибница, во село Оровник, во должина од 1 км, вредност 1.161.665 денари, АФПЗРР,Буџет на општина,
👉завршени се најголемиот дел од индивидуални водоводни приклучоци за домаќинствата во Слатински Чифлик, вредност 162.000, буџет на општина,
👉партерно уредување на платото пред црквата “Св.Никола” во село Брежани ( поставени 200 м2 бекатон плочки, 40 метри рабници и бетонски плочки над камена ограда, во должина од 67 метри) и уредување на платото пред црква Св.Јован Крстител, село Белчишта, 240 м2 бекатон плочки, вредност 468.637 денари, буџет на општина,
👉зафаќање на вода за наводнување и уредување на каналот за наводнување во село Годивје ( изграден зафат на устието на каналот за наводнување, поставени се 140 метри цевки и изграден канал со решетки, во должина од 30 метри, вредност 700.000 денари, буџет на општина,
👉осветлување на центарот со лед рефлектори и проширување на јавното осветлување во село Злести, вредност 50.000 денари, буџет на општина,
👉уредување и чистење на диви депонии ( кај фудбалското игралиште во село Лешани,кај мостот на реката Сатеска,на патот Волино-Требеништа и патот Волино-Мешеишта, во местност Селиште, Белчишта) ,
👉изградба на одводни канали и пропусти на улици во село Арбиново и село Велмеј,
👉Ставено во функција осветлувањето на новоизграденото спортско игралиште во село Лешани,
👉Континуирано чистење на крајпатната вегетација и снег на општинските патишта и улици,
👉чистење на централното речно корито во село Требеништа,
👉обезбедување на електрична енергија до местноста “Св.Варвара”,село Требеништа, каде е поставено православното обележје-крст и проширување на јавното осветлување во повеќе населени места,
👉пробивање и чистење на речното корито на т.н. “Средна Река” село Белчишта до вливот во Матицата на Белчишкото Блато и чистење на речното корито во центарот на селото,
👉Започнавме со реконструкција на фудбалското игралиште во с.Мешеишта,вредноста на договорот е 1.359.537 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината,
👉извршивме осветлување на црква Св.Илија, село Лактиње,
👉се реализира проектот: “Дебрца-неизгаснати огништа” ( изготвени 6 документарно-патописни репортажи под рaботен наслов „Патуваме низ Славна Дебрца“, документарен филм за Дебрца и романизирана историска повест / книга, вредност 180.000 денари, буџет на општина.