Dec 24, 2020
Почитувани градоначалник, советници, општинска, администрација, вработени во општина Дебарца, и ЈКП Дебрца, жители на општината и секој добронамерен поединец или фирма.
На ден 28.12.2020 година (понеделник) во просториите на зградата на општина Дебрца, село Белчишта, се организира хуманитарна акција за дарување на храна, средства за хигиена, облека за нашите сожители кои што не се во можност тоа да си го дозволат.
Ве замолувам сите кои ќе дарувате сето тоа да е уредно спаковано. Храната да не е брзо расиплива, а облеката да е чиста, неоштетена,употреблива.
Исто така апелирам да се запазат мерките за заштита од пандемијата на covid вирусот.
Да споделиме радост.
Да направиме некој среќен .
Помагајте им на луѓето и тогаш кога знаете дека неможат да ви возвратат. По тоа ќе Ве препознаат дека сте човечни,сочуствителни,милостиви.
Среќна, бериќетна, и благословена да ни биде 2021 година.
Со почит
М-р Катерина Пискулоска,
член на совет при општина Дебрца
Dec 21, 2020
Назив на проект: Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област – CONSE PP
Партнери во проектот: Општина Дебрца, Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменска област – ЈАСЕН, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг – ХАНС ЕМ, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
Проектот е кофинансиран од Европска Унија и Националните фондиви на земјите кои учествуваат во програмата Interreg IPA CBC Programme “Greece – Republic of North Macedonia 2014- 2020”
Со гордост изјавуваме дека проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област – CONSE PP“ влегува во финалната фаза на имплементација. Главната цел на проектот е Заштита и конзервација на загрозени и автохтони видови флора во меѓу-граничната област, која ќе биде постигната преку приоритизација и конзервација на загрозените видови флора, развивање на структури за конзервација вклучувајќи и дигитални апликации и инфраструктури, како и подигнување на свеста со цел пошироко разбирање на важноста на одделните видови флора и нивниот биодиверзитет. Во овој контекст, проектот објавува дека Општината Дебрца е во финална фаза на реконструкција на изложбен центар за презентирање на локалната флора околу Белчишкото Блато (слика 1), Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменска област – ЈАСЕН имплементираше систем за рана детекција на пожар со цел рана превенција на пожари и заштита на биодиверзитетот (слика 2), додека пак експертите од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг – ХАНС ЕМ, собраа повеќе од 114 растителни видови и ги подготвија за понатамошна пропагација (слика 3). Сите овие активности се дел од развивањето на мерки за конзервација и конзервациски инфраструктури со цел заштита на биодиверзитетот во меѓу-граничната област.
Dec 15, 2020
Предлог Буџетот на Општина Дебрца за 2021 година ги содржи планираните приходи на Буџетот за 2021 година и планираните проекти за реализација од Буџетот во 2021 година.
Имајќи предвид дека буџетирањето е двонасочен процес (за и од граѓаните), применет е партиципативниот принцип на буџетирање при поставување на приоритетите на локалната заедница.
Предлози и сугестии може да се поднесуваат на контакт инфо:

Предлог Буџет 2021
Dec 14, 2020
Успешно завршена првата фаза од реконструкцијата на Задружниот дом во село Требеништа и негова преадаптација во деловно- откупен и археолошко -изложбен центар.
Во оваа фаза се изврши реконструкција на кровната конструкција, зајакнување на меѓукатната конструкција, поставување на нова дограма, изменување на распоредот во внатрешноста, таванската конструкција во приземјето, поставување на електричната инсталација и поврзувањето на водоводната мрежа и одведувањето на отпадните води.
Вкупната вредност на работите изнесува 2.500.000 денари, а средствата беа обезбедени преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Програма за рамномерен регионален развој за 2020 година.
Dec 4, 2020
Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Дебрца објавува:
КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С. Македонија за студиската 2020/2021 година
I.ВОВЕД
Општина Дебрца за студиската 2020/2021 година ќе додели стипендии на редовни студенти од општина Дебрца, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С. Македонија.
- УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С. Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
- Да се редовни студенти од I година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;
- Да се редовни студенти на повисоките години кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа: да имаат постигнато најмалку 7,00 просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година;
3. Да не повторувале година во текот на студирањето;
- Да не се корисници на стипендија од други установи, институции или фирми;
-
Да се државјани на Република С. Македонија и жители на општина Дебрца.
Критериум за доделување на стипендиите се:
-Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2020/2021 година за сите студиски програми.
-Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.
III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои се пријавуваат на конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:
1.Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2020/2021 година;
- Уверение за положени испити од претходните години ( студентите од I година доставуваат фотокопие од свидетелства од I-IV година средно образование);
- Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија;
- Изјавана кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
- Изјаваза користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се сложува општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;
6.Фотокопија од индекс.
- МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Пријавата со потребните документи, кандидатите треба да ги достават во рок од 15 дена, а најдоцна до 21.12.2020 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта, во затворен плик, со назнака: „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски стипендии“.
- ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Пријавите нема да бидат разгледувани ако доставената документација е:
-некомплетна и/или
-ненавремено доставена.
Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до 31.12.2020 година на интернет страницата на Општина Дебрца.
Студентите кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Зоран Ногачески
Потребните документи може да ги спуштите на следниот линк ТУКА