Select Page
Закажана 18-та седница на Советот на општината Дебрца

Закажана 18-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 18-та седница на Советот на општината Дебрца

 

Ја свикувам 18-та седница на Советот на општината Дебрца.

Седницата ќе се одржи на ден  27.12.2018 година (четврток)

 , со почеток во 13.00 часот, во салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                  

Д Н Е В Е Н     Р Е Д 

  1. Усвојување на Записникот од 16-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Усвојување на Записникот од 17-та седница на Советот на општина Дебрца
  3. Предлог – Годишна програма за развој на локалната инфраструктура во општина дебрца за 2019 година
  4. Предлог – Годишна прогрема за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2019 година
  5. Предлог – Годишна програма за развој на културата во општина Дебрца за 2019 година
  6. Предлог – Годишна програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2019 година
  7. Предлог – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2019 година
  8. Предлог – Годишна програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2019 година
  9. Предлог – Годишна програма за реконструкција, модернизација, користење и одржување на јавното осветлување во општина Дебрца за 2019 година
  10. Предлог – Годишна програма за изработка на урбанистички планови за општината Дебрца во 2019 година
  11. Предлог – Годишна програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2019 година
  12. Предлог – Годишна програма за зимско одржување на општинските патишта и улици во општина Дебрца во зимската сезона за 2019 година
  13. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Дебрца за 2019 година
  14. Предлог – Буџет на Единицата на локална самоуправа Дебрца за 2019 година
  15. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на општина Дебрца за 2019 година
  16. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници во општина Дебрца за 2019 година
  17. Предлог – Одлука за давање согласност на Програмата за работа и развој за 2019 година на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“-Белчишта
  18. Предлог – Одлука за давање согласност на инвестиционата програма на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ за 2019 година
  19. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Решението за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈПКД Дебрца за регулиран период 2019-2021 година од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РМ (бр. УП108-80/18 од 21.11.2018), и донесување на предлог тарифи-цени за снабдување со вода за пиење или водоснабдување за домаќинства и останати (правни лица)
  20. Предлог- Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Решението за утврдување на тарифа за собирање на урбани отпадни вода на ЈПКД Дебрца за регулиран период 2019-2021 година од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РМ (бр. УП108-81/18 од 21.11.2018), и донесување на предлог – тарифи –цени за собирање на урбани отпадни води за домаќинства и останати (правни лица)
  21. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 750/1 КО Оровник)
  22. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 184, 185 и 186 КО Волино)
  23. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 617/1 КО Волино)
  24. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 1836, 1837 и 1842 КО Годивје)
  25. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 414 КО Црвена Вода)
  26. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 224/2 КО Оздолени)
  27. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 1835, 1836 и 1842 КО Годивје)
  28. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 918 КО Оздолени)
  29. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 1939 КО Брежани)
  30. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 626, 627 и 629 КО Злести)
  31. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 420 КО Горно Средоречје)
  32. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 420 и 375 КО Горно Средоречје)

 

  • Советнички прашања

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Петре Голабоски

 

Градоначалникот Ногачески со честитка по повод Католички Божиќ

Градоначалникот Ногачески со честитка по повод Католички Божиќ

Искрени честитки до сите христијани кои денеска го слават Рождеството Христово Божиќ!

Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати Христос насекаде да ве води.

Среќен Божиќ, Христос се роди.

Ногачески гостин на 10-те години јубилеј од Регионалното Здружение на ветерани од одбраната и безбедноста за општините Охрид, Дебрца, Дебар, Маврово Ростуше и Ресен

Ногачески гостин на 10-те години јубилеј од Регионалното Здружение на ветерани од одбраната и безбедноста за општините Охрид, Дебрца, Дебар, Маврово Ростуше и Ресен

Денес, регионалното Здружение на ветерани од одбраната и безбедноста за општините Охрид, Дебрца, Дебар, Маврово Ростуше и Ресен, ја заокружи првата и влезе во втората деценија од своето постоење, како едно од најактивните и најмасовните во републичката организација. Како почесен гостин на прославата во просториите на здружението присуствуваше и градоначалникот Зоран Ногачески.

– Со особено задоволство, ја нагласувам секојдневна и сеопфатна соработката со Здружението на борците и поддржувачи , особено на планот на негувањето и афирмацфијата на револуционерните и борбени традиции. Во општина Дебрца, оспособивме 4 спомен објекти, како наш придонес за одбележување на настаните од НОВ: Спомен соба на НОВ во Дебрца (Белчишта), Спомен дом на Првата македонско косовска борбена бригада во Сливово, Спомен дом на ГШ на НОВ и ПОМ во Црвена Вода и Спомен соба на Шестата бригада и баталјонот „Мирче Ацев“ во селото Годивје, рече Добре Вељаноски – претседатек на здружението.

На денешниот собир во Охрид, градоначалникот на општина Дебрца, Ногачески нагласи дека ветераните секогаш ќе добиваат поддршка за проекти кои ја интензивираат прекуграничната и регионалната соработка и отвораат можност за заеднички настап со проекти пред европските фондови. Со тоа, рече Ногачески, ветераните ги унапредуваат соработката и разбирањето на народите од соседните пријателски земји во реализацијата на плановите и активностите на општините, ги промовираат, а сето тоа за добробит на нашите граѓани.

Присутните во преполнетата сала, пред почетокот на состанокот со едноминутно молчење му одадоа почит на прерано починатиот градоначалник на Охрид д-р Јован Стојаноски, кој им беше близок соработник, почитувач и содејник.

Предлог Буџет на ЕЛС Дебрца 2019 година

Предлог Буџет на ЕЛС Дебрца 2019 година

Предлагач: Градоначалник на ЕЛС Дебрца Зоран Ногачески
Изработил: дип.еко. Сашо Силјаноски

ПРЕДЛОГ БУЏЕТ НА ЕДНИЦАТА НА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ДЕБРЦА 2019 (кликни тука)

Буџетот е од граѓаните и за граѓаните и затоа секој треба да има пристап и увид во него.Ве охрабруваме и ги очекуваме Вашите мислења, предлози и сугестии по предлог-Буџетот на општината.

Ногачески оствари средба со учениците и наставниците од ОУ “Дебрца” учесници во Еразмус + програмата

Ногачески оствари средба со учениците и наставниците од ОУ “Дебрца” учесници во Еразмус + програмата

Градоначалникот Ногачески денес оствари средба со учениците и наставниците од О.У Дебрца, кои во рамките на проектот #play2adapt од Еразмус + програмата, учестваа на првата мобилност во градот Невшехир Турција.

Тие го информираа за нивните впечатоци од посетата во Турција, каде на достоинствен начин беа презентирани училиштето и општина Дебрца.
Проектот предвидено е да продолжи во месец Мај, нареднава година, со втората средба, каде домаќинк ќе биде општина Дебрца и ОУ”Дебрца”, а ќе присуствуваат тимовите на Грција,Турција,Шпанија и Португалија.


Имплементацијата на вакви проекти има особено значење за нашата општина и училиште, посебно за нивната меѓународна промоција и афирмација.
Изразувајќи пофалба и благодарност за успешно реализираните активности во Турција, на учениците, наставниците и директорката на училиштето уште еднаш им ја повторив нашата определба за безрезервна поддршка на сите активности на училиштето, не само за овој проект , туку и за други проекти и тековните активности.– изјави градоначалникот Ногачески по средбата.

In Memorium: Проф. Др. Јован Стојаноски

In Memorium: Проф. Др. Јован Стојаноски

Проф. Др. Јован Стојаноски не беше само Градоначалник на општина Охрид.
Тој беше голем пријател и на општина Дебрца и нејзините граѓани.
И не само пријател. Туку и повеќе од тоа. Неговото семејно потекло е село Ботун, Дебрца.
Тој беше професор на многу студенти од општина Дебрца.
Неговото прерано заминување е голема и ненадоместлива загуба пред се за неговото семејство, академската заедница, граѓаните на општина Охрид, но и за нас, неговите сограѓани од општина Дебрца.
Во знак на жалост и почит кон Неговата личност, утре, 17.12.2018 година, денот на неговиот погреб, знамињата пред зградата на општина Дебрца, село Белчишта ќе бидат спуштени на половина копје.

ОПШТИНА ДЕБРЦА