May 4, 2019
Почитувани,дозволете ми, од свое лично име и од името на вработените од општина Дебрца да Ви упатам честитки по повод почетокот на Рамазанските пости.
Светиот месец Рамазан е месец посветен на солидарност, сплотеност и хуманост, месец кој буди меѓусебното разбирање, почитта, несебичноста и човекољубието.
Овој свет месец Рамазан нека биде исполнет со среќа во вашите домови, мир во вашите души и добрина во срцето.
May 3, 2019
Согласно Прирачникот за начинот на водење на постапката за донесување и изготвување на општ акт за село кое нема урбанистички план бр.24-395/1 од 11 Јануари 2019 година, Општиот акт за село Брежани и Предлог-Oдлуката ќе се објавени на веб страната на единицата на локалната самоуправа заради овозможување на јавен увид во времетраење од 17 работни дена, односно од 06.05.2019 год. заклучно со 29.05.2019 год. Во овој рок засегнатите граѓани можат да достават предлози, сугестии или приговори, по кој одлучува комисијата која ја изработува Предлог-одлуката.
Apr 27, 2019
По повод утрешниот тажен ден, пред 18 години, кога во заседа, кај тетовското село Вејце, свирепо, беа убиени и масакрирани осуммина припадници на специјалните единици на МВР и на АРМ, во селото Слатино, општина Дебрца, се одржа комеморација пред Спомен обележјето на Игор Костоски.
Денес уште еднаш се поклонивме пред спомен обележјето во село Слатино и го одбележивме херојското дело, 18 години од денот на загинувањето на нашиот сограѓанин, припадникот на специјалната единица на АРМ, “Волци”, водникот Игор Костески, на 28 април 2001 година, кај Вејце, Тетовско.28 април 2001 година е најцрниот ден во поновата македонска историја. Ден кога кај Вејце од страна на припадници на терористичката ОНА, на подмолен начин, во заседа беа убиени, а потоа масакрирани, а некои и живи запалени, 8 бранители, и тоа- 4 припадници на Специјалната единица на АРМ, “Волци”, меѓу кои и водникот Игор Костески и четири припадници на посебната единица на СВР Битола.Судбината сакаше Дебрца, која уште од времето на Свети Климентовата Кутмичевица, преку Илинденското востание, НОБ дала многу жртви и херои за денешната слобода, да даде уште една жртва и во воениот конфликт од 2001 година. – кажа градоначалникот Зоран Ногачески.

Обраќање за настаните од воениот конфликт 2001 година и грозоморниот чин во Вејце имаше Добре Велјаноски од охридскиот огранок на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста.

На денешниот чин присуствуваа претставници на општина Дебрца, месната заедница село Слатино, Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста, со претседателот, генералот во пензија Филип Котели, роднини на Игор и граѓани на Слатино.
Нека им е вечна слава. И на Игор и на неговите другари, соборци.
Хероите никогаш не умираат.
Apr 26, 2019
Општина Дебрца со Здружението за екологија и туризам “Екоменлог” Охрид, подружница Дебрца организираат дводневна посета на 86 Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2019”, Република Србија, кој ќе се одржи од 11-17 Мај 2019 година.
Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството. На него се претставуваат најзначајните компании во агроиндустријата, земјоделското производство, механизацијата, како и најдоброто во сточарството. Неодминливо место е за земјоделците и професионалната публика, на која земјоделството и е во фокусот на вниманието.
Општина Дебрца на земјоделците им обезбедува несекојдневна можност да бидат дел од овој настан.
Посетата на саемот е планирана за 13 и 14 Мај 2019 година, со едно ноќевање.
Трошоците за превоз се покриени од општината, а Ваше е да ги надоместите трошоците за ноќевањето ( околу 20-25 евра ноќевање со појадок ).
Заинтересираните земјоделци и други граѓани Ве очекуваме да се пријавите најдоцна до 01.Мај 2019 година, во општина Дебрца.
Apr 26, 2019
Советот на општина Дебрца, вчера едногласно одобри 30.000 денари за лекувањето на Мартин Стојаноски од Струга.
– На Мартин му посакуваме успешно закрепнување и исполнување на неговата желба да се врати меѓу стативите на фудбалските терени, како и да продолжи неговата огромна љубов кон хармониката. Да бидеме хумани и помогнеме на Мартин и неговата младост, истакна првиот човек на Дебрца Зоран Ногачески, на чиј предлог беше савена точката на дневен ред.