Select Page
Опремена Спомен собата на НОБ со значајни моменти од првата Слободна територија на НОБ, Дебрца

Опремена Спомен собата на НОБ со значајни моменти од првата Слободна територија на НОБ, Дебрца

Во рамки на првата фаза од реконструкцијата на општинската зграда во село Белчишта се изврши санација и на Спомен собата од НОБ, која е во склоп на општинската зграда.

Деновиве активистите на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста извршија преуредување на Спомен собата и нејзино опремување со фото и друга документација и содржини, со што Собата доби нов лик.

Општина Дебрца, заедно со боречката организација, ветераните од одбраната и безбедноста и месните заедници продолжува да ги негува придобивките од НОБ, кои во најголем дел се исковани токму во Дебрца.

А најголемата придобивка е денешната наша држава, Асномска Македонија.

 

24-та седница на Советот на општината Дебрца

24-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:   

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 24-та седница на Советот на општината Дебрца

  

Ја свикувам 24та седница на Советот на општината Дебрца.

Седницата ќе се одржи на ден  27.09.2023 година (среда) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:

 

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

 

  1. Усвојување на записник од 23-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџет на ЕЛС Дебрца за 2023 година
  3. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен план за вработување
  4. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен план за вработување на ЈПКД „Дебрца“
  5. Предлог – Одлука за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловен простор во зградата во с.Горенци

 

Советнички прашања

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                  Илчо Алексоски

 

Исплатени средствата во рамки на мерката “Добредојдовте првачиња”

Исплатени средствата во рамки на мерката “Добредојдовте првачиња”

Во рамки на мерката “Добредојдовте првачиња” Од Буџетот на општина Дебрца исплатени се По 5.000 денари за секое прваче запишано во ООУ “Дебрца” или вкупно 135.000,00 денари, на учениците им посакуваме топло Добредојде во образовниот процес како и успешна школска година.

 

Започнаa градежните работи за  реконструкција на главната  улицата oд влезот во село Волино

Започнаa градежните работи за реконструкција на главната улицата oд влезот во село Волино

Започна реконструкцијата на главната улица во село Волино, се работи на улица која е главна артерија во уличната мрежа во с.Волино која го поврзува с.Волино со с.Требеништа и с.Мешеишта, исто така преку оваа улица се поврзуваат луѓето и добрата како внатре во селото така и со околните градови и Општината.

Со зафатот се предвидува  да се изврши  реконструкција  во должина од 1400м, на коловозот со рушење на постојниот асфалт, поставување на тампон од  дробен камен, поставување на нов асфалтен коловоз, изградба на тротоари поплочени со бетонски павер елементи , како и целосна  замена на постојните светилки  со ново улично осветлување ( канделабри)  како и изместување на целокупната електро дистрибутивна мрежа  и телекомуникациска инсталација и истата се предвидува да  биде каблирана, со нови приклучоци  до објектите, како и поставување на атмосверско одводнување долж профилот на улицата.

Средствата за изградба на улицата се одобрени од страна на Министерство за транспорт и врски  согласно Договорот за заем на Република Северна Македонија и Светска Банка, Проект за поврзување на локални патишта, Под- проект Реконструкција на улица во с.Волино.

Соопштение за жителите на село Волино

Соопштение за жителите на село Волино

Општина Дебрца ги известува жителите на село Волино дека согласно Договор за заем на Република Македонија и Светска Банка,  Проектот за поврзување на локални патишта , Под – проектот Реконструкција на линиски објекти – улица во с. Волино, општина Дебрца дека од 20.09.2023 година до 31.12.2023 година ќе се изведуваат градежни работи на улицата од мостот на патот Требеништа-Волино во правец на селскиот поштад  и  во правец на локалниот пат за село Мешеишта работите ќе се изведуваат фазно, при што во период од 8:00 до 16:00 часот  во одредени интервали може да биде во прекин сообраќајот.

Се замолува жителите на село Волино како и учесниците во сообраќајот во  наредниот период да се користат Алтернативните улици како и да ги почитуваат сообраќајните знаци од одобрениот времен режим на сообраќај.

 

 

                                                                           Општина Дебрца

                                                                               ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                    Зоран Ногачески