Select Page
Совет на општина Дебрца, 46-та седница, донесени одлуки

Совет на општина Дебрца, 46-та седница, донесени одлуки

Советот на општина Дебрца денес ја одржа 46-та редовна седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

  • На оваа седница Советот го усвои Извештајот за остварување на Буџетот на општина Дебрца за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година и Завршната сметка на Буџетот на општина Дебрца за 2020 година. Од проектираниот буџет за 2020 година од 112.000.000 денари остварен е приход во вкупен износ од 87.652.381 денари или оствареност од 78%.
  • Советот усвои дополнување на Годишната програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги за 2021 година, предвидувајќи партерно уредување на дворното место во црква Св.Јован село Белчишта и црква Св.Никола село Брежани.
  • Советот донесе одлука за формирање на Локален совет за превенција, како советодавно тело кое се формира согласно законот за полиција, со цел навремено да се детектираат, анализираат и решаваат определени безбедносни проблеми во општина Дебрца.
  • Советот донесе одлуки за доделување материјална помош на три црковни одбори и тоа:  црковен одбор село Требеништа за донирање на 7 електрични столба/ бандери и 750 м електричен проводник за обезбедување електрична енергија до местноста “Св.Варвара”, на црковниот одбор село Издеглавје за донирање на 500 м електричен проводник за обезбедување електрична енергија до црквите “Св.Никола” и “Св.Софија” и на црковниот одбор село Велмеј за донирање на електричен проводник за осветлување на крст во црква “Св.Спас”.
  • Советот донесе одлука за доделување субвенција на ЈП “Дебрца”, во износ од 112.111,00 денари за плаќање на надоместок за приклучување на електродистрибутивната мрежа на новата пумпна станица во село Требеништа.
  • Советот донесе одлука за доделување еднократна субвенција од по 30.000 денари на превозниците кои го вршат линискиот превоз на патници, заради ублажување на последиците предизвикани од ковид кризата и нерентабилноста на возните линии.
  • Советот го донесе Урбанистичкиот план за село Песочани, со што се создаваат предуслови за урбан развој и на ова населено место.
Закажана 46-та седница на Советот на општината Дебрца

Закажана 46-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 46-та седница на Советот на општината Дебрца

 

Ја свикувам 46та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден  15.03.2021 година (понеделник),  со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:                                                              

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Записникот од 45-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година
  3. Предлог – Одлука за усвојување на Завршната сметка на Буџетот на општината Дебрца за 2020 година
  4. Предлог – Одлука за усвојување Анекс на Годишната програма за работа на ООУ „Дебрца“ с.Белчишта за учебната 2020/2021 година
  5. Предлог – Годишна програма за изменување и допоплнување на Годишната програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги во општина Дебрца за 2021 година
  6. Предлог – Одлука за давање донација на црковен одбор на Црква „Св. Никола“ село Требеништа
  7. Предлог – Одлука за давање донација за црковен одбор на Црква „Св. Софија“ село Издаглевје
  8. Предлог – Одлука за формирање Локален совет за превенција на Општина Дебрца
  9. Предлог – Одлука за избор на Претседател и членови на Локален Совет за превенција на Општина Дебрца
  10. Предлог – Одлука за доделување субвенција а Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта

 

  • Советнички прашања

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Петре Голабоски

Совет на општина Дебрца, 46-та седница, донесени одлуки

Закажана 45-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 45-та седница на Советот на општината Дебрца

 

Ја свикувам 45та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден  26.02.2021 година (петок), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:                                                                                                                                                                                 

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Записникот од 44-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2021 година
  3. Предлог – Одлука за усвојување на извештај од извршена самоевалуација за период 2018-2020 година на ООУ „Дебрца“, с.Белчишта
  4. Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош
  5. Предлог – Одлука за престанок и за давање на времено користење на недвижна ствар

 

  • Советнички прашања

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Петре Голабоски

Закажана 46-та седница на Советот на општината Дебрца

Советот на општина Дебрца ги усвои годишните програми за развој на општината и Буџетот на општината за 2021 година

На денешната седница Советот на општина Дебрца ги усвои годишните програми за развој на општината за 2021 година и Буџетот на општината за 2021 година

Во Годишните програми и Буџетот во целост се земени во предвид предлозите на граѓаните, месните заедници, бизнис заедницата и невладините организации, кои беа дадени во транспарентната постапка за нивно изготвување и донесување.

Буџетот за наредната година е проектиран на 121.000.000 денари , кои се очекува да се остварат од сопствените приходи, приходите од ДДВ-то, наменските и блок дотациите од централната власт и приходи од европските проекти.

Во делот на расходите акцентот го ставаме на реализацијата на капиталните проекти, социјалните програми, унапредување на комуналните услуги и целосно кратење на непродуктивните трошења.

Совет на општина Дебрца, 46-та седница, донесени одлуки

Советот на општина Дебрца донесе одлука воспитно-образовниот процес во ООУ “Дебрца”да се реализира со физичко присуство

Советот на општина Дебрца на вчерашната седница донесе одлука воспитно-образовниот процес во ООУ “Дебрца” – Белчишта во учебната 2020/2021 година, а во услови на КОВИД 19 да се реализира со физичко присуство на учениците од I ( прво ) одделение до IX ( деветто ) одделение.
Воспитно-образовниот процес ќе се реализира согласно Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на основните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година, донесени од Владата .
Барањето за настава со физичко присуство на учениците, со образложение за исполнетоста на условите и критериумите од Планот и Протоколот, изготвено од ООУ “Дебрца”-Белчишта ќе се проследи до Комисијата формирана од Владата за разгледување на поднесени барања за организирање на настава со физичко присуство, а за добивање согласност од Владата за организирање на наставата со физичко присуство на учениците во училиштето.
Закажана 27-та седница на Советот на општината Дебрца 

Закажана 27-та седница на Советот на општината Дебрца 

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:   

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 27-та седница на Советот на општината Дебрца 

Ја свикувам 27та седница на Советот на општината Дебрца.

Седницата ќе се одржи на ден  30.09.2019 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот, во салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:      

Д Н Е В Е Н     Р Е Д 

  1. Усвојување на Записникот од 26-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година
  3. Предлог – Буџетски календар за изготвување на Буџетот на општина Дебрца за 2020 година
  4. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2019 година
  5. Предлог – Одлука за донесување на конечен урбанистички план за село Злести, Општина Дебрца
  6. Предлог – Одлука за донесување конечен урбанистички план за село Горно Средоречје, Општина Дебрца
  7. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за постигнатиот успех на учениците на основното училиште „Дебрца“ – Белчишта во учебната 2018/2019 година
  8. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за финансиско работење на ОУ „Дебрца“ с.Белчишта за период од 01.09.2018 до 31.08.2019 година
  9. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за работа на основното училиште „Дебрца“ – Белчишта во учебната 2018/2019 година
  10. Предлог – Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на Основното училиште „Дебрца“-Белчишта во учебната 2019/2020 година
  11. Предлог – Одлука за усвојување на Локален акционен пла за животна средина за период 2019/2025 година
  12. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за дополнување на ценовникот на комунални услуги што ги извршува ЈП за комунална дејност Дебрца
  13. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за исклучување и плаќање на надомест на штета за физички и правни лица кои бесправно користат вода

           

  • Советнички прашања

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Петре Голабоски