Jul 11, 2023
Во текот на вчерашниот ден во општина Дебрца се одржа јавна расправа за под-проектот „Енергетска ефикасност за јавното осветлување во општина Дебрца“ и Планот за намалување на влијанијата врз животната средина и социјалните работи”, во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните работи кои ќе произлезат од планираните активности на под-проектот.
Општина Дебрца,врз основа на одлука на Советот на општината од Мај 2021 година аплицираше за овој подпроект во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во РСМ,” кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии, со финансиска поддршка од Светска Банка.
Jul 6, 2023
Последниве неколку месеци сведоци сме на неконтролирано депонирање на инертен отпад/градежен шут на секаде, и на места кои во изминативе години на трошок на Општина Дебрца по неколку пати биле чистени, со што директно се загрозува природната и животната средина.
Како детектирани места каде се одлага градежниот шут се :
-Кај мостот на патот Волино Требеништа и покрај старото корито на река Сатеска, во местноста Аџица, село Волино,
-Во непосредна близина на каптажите за вода,кај Св.Мартинија,село Требеништа,
-Под поранешното фудбалско игралиште,село Оровник ,
-Црвени Брегови,село Мешеишта
-На влезот во село Грко Поле,
-Кај фудбалското игралиштето,село Лешани,
-Кај Царо Поле,село Ново Село,
-Долж патот од Белчишта кон Сини Вирој.
Сите овие локации во изминатиот период општината ги има повеќекратно чистено.
90% од прекршителите се детектирани и на сите ќе им бидат доставени записници и задолженија во најкраток рок да ги санираат локациите или отстранат отпадот.
Во спротивно,ќе бидат поднесени пријави, за кои согласно законот се изрекуваат високи глоби.
Согласно член 54 од Законот за управување со отпад инертниот отпад се депонира на депонии за кои општината има добиено согласност од Министерството за животна средина. Бидејќи општина Дебрца нема таква депонија инертниот отпад треба се депонира кај овластени собирачи на таков отпад,за што се плаќа одреден надоместок.
Сите прекршители кои нема да постапат по задолжението на општината ќе бидат и јавно објавени.
Ги повикуваме граѓаните до општината да го пријавуваат секој ваков случај.
Нула толеранција за дивите депонии.
Jun 17, 2023
Деновиве интензивно се работи на решавање на уште еден проблем во врска со водоснабдувањето во општината, проектот за реконструкција и санација на каптажата и дел од водоводната мрежа во село Сливово.
Се извршува целосна реконструкција на каптажата и поставување на HDPE водоводно црево фи 63, во должина од 400 метри.
Вкупната вредност на работите изнесува 468.608 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца за 2023 година.
Следна активност е изградба на нов водоводен крак, во должина од 1 км, во село Арбиново.
Jun 14, 2023
Ставена е во функција пумпната станица ” Св.Еразмо”.
Со демонтажа на постоечките метални водоводни цевки ф315 мм и замена со полиетиленска HDPE цевка ф315 PN 16 во должина од 180м како и замена на фасонските елементи кои се составен дел од овој водводен систем, решена е една од најкритичните точки од водоводниот систем, на потегот каде што поради застареност и корозираност на цевките се појавуваа многу чести дефекти и испади на целиот водоводен систем од “Св.Еразмо.”
Вкупната вредност на работите изнесува 3.782.826 денари, средства обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.
Jun 14, 2023
Преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година, а по аплициран проект до Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедени се 2.000.000 денари за доизградба на канализациониот систем во село Волино /изградба на пумпната станица број 3 ,со што целосно ќе биде завршена изградбата на овој систем.
Во наредниот период ќе се пристапи кон објавување на тендерската постапка со што ќе се имплементира проектот.
Jun 8, 2023
Во село Лактиње се завршени градежните активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување, во централниот дел на селото.
Во должина од 110 метри каналот е уреден со коругирани одводни цевки фи 250, а во должина од 22 метри отворен и бетониран, покриен со метални решетки.
Вкупната вредност на работите изнесува 313.054 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.