Select Page
Отворена ексклузивната изложба: „100 години Требениште“

Отворена ексклузивната изложба: „100 години Требениште“

Во организација на Археолошкиот музеј на Република Македонија, синоќа во Скопје беше отворена ексклузивната изложба „100 години Требениште“, по повод еден век од истражувањата на овој локалитет.

No photo description available.

Во рамките на изложбата беа претставени златните маски од 6 век пр. н. е. пронајдени во некрополата кај охридско Требениште, а за оваа пригода ќе бидат донесени и артефактите што ги поседуваат музеите од Србија и од Бугарија. Ќе бидат прикажани над 400 артефакти од бронза, сребро, злато, керамика, килибар и стакло.

Image may contain: food and indoor

– Нема зборови со кои можам да Ви го опишам чувството кога поминувате покрај артефактите од исклучително богатата некропола од 6 век пред нашата ера, а притоа знаете дека се работи за археолошко наследство пронајдено токму тука, околу сите нас, наследство кое сведочи за една исклучителна цивилизација која живеела на овие простори каде што денес ние живееме. И посебно Ве прави горд тоа што токму тоа наше, денес му припаѓа на светот. Митот и загатката за нашето Требеништа се` уште трае. Приказната за Требеништа не е завршена. Таа допрва ќе треба да се демистифицира, отплеткува, допишува и прераскажува. И со право можам да кажам, дека Требеништа е нешто најдоброто што ни се случило, нешто највредното што сме и` го дале на светската археологија и цивилизација. Требеништа вечерва на едно место обедини три балкански држави. Да посакаме таа обединувачка енергија да продолжи да се шири насекаде по светот, порача градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.

No photo description available.

По претставувањето во Скопје, изложбата ќе гостува и во Софија и во Белград, а потоа и во Европа. Интерес за изложбата има во Париз, Берлин, Виена и во Загреб. Изложбата е заеднички проект на Археолошкиот музеј на Македонија, Народниот музеј од Белград, Националниот археолошки институт и музеј од Софија и Заводот и музеј од Охрид.

No photo description available.

Image may contain: indoor

Трите матични археолошки музејски институции од Македонија, Србија и од Бугарија со овој проект ќе ја одбележат стогодишнината од откривањето на локалитетот Требениште кај Охрид, со случајниот пронајдок на 20 март 1918 година.

Автори на изложбата се Перо Арџанлиев од Скопје, Вера Крстиќ од Белград и Крсто Чукалев од Софија. Таа е придружена и со каталог со 408 страници со текстови од 26 автори – музејски работници од трите држави, како и од Чешка и од Германија. Содржи детални податоци за секој од експонатите, за историјатот на откривањето и истражувањата, географијата и историографските податоци за носителите на требенишката култура и регионот во архајскиот период, како и за типолошко-стилските одлики на наодите.

Работна средба со професори од Институтот за Историја на уметност со археологија

Работна средба со професори од Институтот за Историја на уметност со археологија

Денес градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески оствари работна средба со професорот Митја Гуштин од Словенија и професори од Институтот за Историја на уметност со археологија за ревитализација и афирмација на археолошкиот локалитет Требеништа. На средбата беше истакнато културолошкото значење на локалитетот односно дефинирање на планот за истражување во 2019 година поддржан од општина Дебрца.

ВОЛИНО

ВОЛИНО

На 13 км од центарот на Охрид по магистралниот пат Охрид-Скопје , кај селото Требеништа, од левата страна, води пат северозападно и на 2 км е селото Волино. Значи од Охрид Волино е оддалечено 15км, а од аеродромот 6км.Волино е село во општина Дебрца, сместено во Струшко поле, расположено покрај реката Сатеска. Непосредно над селото е главата на каналот на кој од 1951г се влева во Охридското Езеро.Волино е опкружено со бројни села.Северно од него се селата Џепин и Корошишта, јужно е Мислешево,југоисточно е Требеништа, североисточно Мешеишта и Климештани, северозападно е селото Ливада, а југозападно се Драслајца и Мороишта.Волино претставува раскрсница за сите овие села.

Како главна сообрајќајна раскрсница е познато од дамнина. Низ него врвел патот Via Egnatia.

Волино е полско село, со аливијална почва која е многу плодна. Селото се наоѓа меѓу две реки: реката Сатеска и каналот на реката Сатеска. Оваа вода се користи за наводнување а порано се користела за водениците.

Како е добиено името на селото Волино никој со сигурност не може да каже. Постарите велат дека се вика Волино затоа што тука имало многу вода. Според некои предпоставки се кажува дека името потекнува од доселувањето на жители од областа Волинија, па асоцирајќи ги неговата местоположба покрај реката Сатеска на прататковината или на островот Волин, на новата населба и го дале името Волино. Според името, Волино е стара населба. Настанало, најверојатно, на местото од постара населба. Селото Волино во 1582 година било во составот на тимарот охридски, лива охридска. Во селото живеело христијанско и муслиманско население. Поради плодноста на земјиштето и местоположбата Волино го привлекло вниманието на власта, односно на муслиманскиот елемент. До почетокот на XVIII од Волино биле христијаните под присила и така Волино било само чифлици. Главна преокупација на чифлигарите има била да дојдат до парче сопствена земја, ретко некои станувале и сопственици.

Населението во Волино е православно. Во 1880 година во селото Волино имало 45 куќи со 125 жители. Во 1900 година во Волино живеат 330 жители. По окупацијата на Македонија од Србија со балканските војни, во 1912-1914 има 347 жители, од кои 177 мажи и 170 жени. Во 1948 година бројот на жители во Волино е 609, во 1961 година 739, додека во 1981 година бројот на жители расте на 863. Според последниот попис во село Волино живеат 462 жители сите македонци христијани. Во селото има староседелски и доселенички родови кои се делат на родови кои си го знаат потеклото и родови со непознато потекло.

Волино од птичја перспектива video by Goce Kozeski Goce

Posted by Volino.mk on Четврток, 02 ноември 2017

Родовите во село Волино се:

  • Андрониковци- во Волино се дојдени од некое село во Дебрца. Фамилијарна слава им е Св.Петка.
  • Бочевци- се дојдени од соседното село Мислешево. Фамилијарна слава им е Св. Пречиста.
  • Велјановци- во Волино се дојдени во 1906 година од селото Збажди. Прв дошол Герасим затоа се викаат и Герасимовци. Фамилијарна слава им е Св.Пречиста.
  • Војдиновци- во 1951 во Волино се дојдени од соседното село Мешеишта. Фамилијарна слава им е Св. Никола.
  • Далчевци- Фамилијарната лоза потекнува од селото Мороишта.
  • Доневци- фамилијарна слава им е Св. Петка.
  • Ивановци-дојдени се од селото Поум. Патронимот им е од некој предок Иван. Фамилијарна слава им е Митровден а на некои Св. Никола.
  • Илинковци- дошле од селото Илино Демирхисарско. Фамилијарна слава им е Св. Ѓорѓија.
  • Јакимовци- околу 1875 година од селото Ливоишта се доселил Ѓоре.
  • Јанкуловци- потекнуваат од селото Илино Демирхисарско. Се преселиле во Лешани, а една гранка се преселила во Волино. Фамилијарна слава им е Св. Мартинија.
  • Јовевци- тие се дојдени од селото Мешеишта. Фамилијарна слава им е Митровден.
  • Китановци-тие живееле само десет години во Волино.
  • Коросковци- потекнуваат од селото Црско. Фамилијарна слава им е Танасовден.
  • Костевци- од селото Враништа во Волино е дојден Косте во 1954 година. Фамилијарна слава им е Св. Мартинија.
  • Лошковци( Чољопановци)- во Волино живеел некој Наум Шијакоски. Тој немал пород и посинал двајца внуци. Фамилијарна слава им е Митровден.
  • Љабовци- потекнуваат од Драслајца. Фамилијарна слава им е Св. Никола.
  • Марковци- се викаат уште и Кожевци, потекнуваат од Црско. Фамилијарна слава им е Св. Ѓорѓија.
  • Митревци (Цакулевци)- во Волино се доселени од селото Сирула. Фамилијарна слава им е Св. Никола.
  • Мочаровци(Цветановци)- околу 1860 година се доселиле од соседното село Мешеишта. Фамилијарна слава е Св. Никола.
  • Неловци(Николовци)-доселени се од селото Брежани. Фамилијарна слава им е Митровден.
  • Николовци- водат потекло од ‘Ржаново Струшко. Се доселиле во Ливоишта и од таму после во Волино. Фамилијарна слава им е Св. Петка.
  • Ничевци- се доселени од Драслајца. Фамилијарна слава им е Св. Мартинија.
  • Ногачевци- потекнуваат од селото Велмеј, а по краток предстој во Ботун, се преселени во Волино. Фамилијарна слава им е Св. Никола.
  • Печовци- потекнуваат од село Ботун. Фамилијарна слава им е Танасовден.
  • ‘Ржанчевци- од селото ‘Ржаново дошол Ѓоре Секулоски кај тетка му.
  • Секуловци- во 1942 година се преселено од селото Мислешево. Фамилијарна слава им е Св. Петка.
  • Силјановци- во Волино се дојдени од Сошани. Го служат празникот Св.Ѓорѓија.
  • Скепаровци- потекнуваат од селото Лакајца, фамилијарна слава им е Св. Никола.
  • Стоевци- во Волино се доселени во 1852 година од соседното село Требеништа. Фамилијарна слава им е Пречиста.
  • Стојчевци- потекнуваат од селото Горенци и го слават празникот Митровден.
  • Терзиовци- доселени се од селото Сошани. Фамилијарна слава им е Св. Петка.
  • Трпковци- потекнуваат од селото Ливада. Го слават празникот Танасовден.
  • Трповци- оваа фамилија во Волино е доселена од соседното село Ливада. Го слават празникот Пречиста.
  • Тупанчевци- потекнуваат од селото Поум. Фамилијарна слава им е Петровден.
  • Чалдрмовци- дојдени се од Дебрца и го слават празникот Митровден.
  • Чкрковци(Ангелковци)- оваа фамилија е дојдена од Ливада, и ја слават Св. Петка.
  • Шкуртевци- потекнуваат од селото Биџево и го слават празникот Св. Никола.

Селска слава е празникот Успение на Пресвета Богородица на 28 август. Култот на Света Богородица во Волино од дамнина е присутен за што сведочи неговата главна црква што и е посветена нејзе. Во чест на Света Богородица секоја година се организира турнир во мал фудбал.

Исто така селски празник е и Ѓурѓовден на 6 Мај. На овој ден во Волино се ваѓаат крсти. Освен овие два селски празници се празнуваат и други.

Главно занимање е земјоделието. Најмногу се садат житни и земјоделски култури. Сточарството од секогаш било придружна гранка на земјоделието во Волино. Живинарството е доста развиено. Од домашните птици најбројни се кокошките, па гуските и патките. Со градинарство се занимава секоја фамилија. Во последно време се поголем замав зема и овоштарството.

Во Волино постојат црквите:

  • Света Богородица- изградена во 1900 година, во која се наоѓаат и градските гробишта
  • Света Недела
  • Света Петка
  • Свети Никола

 Прв пат училиште во Волино е отворено пред крајот на XX век. Во 1939 година е подигната училишната зграда која постои до денес. Училиштето во периодот од 1941-1944 година не работело. Повторно почнало со работа кон крајот на 1944 година, но прв пат на мајчин македонски јазик. Тогашното училиште го добило името Гоце Делчев.

Во 1981 година во чест на загинатите Волинци на Сремскиот фронт во Волино е изградено спомен-чешма со бисти на паднатите борци, на местот од стариот селски бунар.

 По повод 100 годишнината на ВМРО и 90 годишнината од Илинденското востание во Во волино е откиен споменикот Илинден.

Првиот фудбалски клуб во Волино се формира во 1949 година при Селската работна задруга со нејзиното име Илинден. Првото игралиште се наоѓало над Мочаровци кај расадникот. Фудбалскиот клуб се преименувал уште 3 пати. Од Илинден во Напредок, па во Аполо 11, а потоа во сегашното име Сатеска, со фудбалско игралиште на Ѓорѓов Мост. Во Волино исто така е застапен и риболовот.

Печалбарството е најстарот занимање во Волино. Се јавува уште во почетокот на XIX век. Прво заминувале во поблиските, а потоа и во поодалечените балкански простори, како и во прекуокеанските земји. Во 1937г. првиот Волинец оди и во Австралија.

Св.Недела Волино. ноември 2017 video by Goce Kozeski

Posted by Volino.mk on Среда, 01 ноември 2017