Select Page
Закажана 21-та седница на Советот на општината Дебрца

Закажана 21-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 21-та седница на Советот на општината Дебрца

 

Ја свикувам 21та седница на Советот на општината Дебрца.  Седницата ќе се одржи на ден  15.03.2019 година (петок), со почеток во 13.00 часот, во салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                             

Д Н Е В Е Н     Р Е Д 

  1. Усвојување на Записникот од 20-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година
  3. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Буџетот на Единицата на локалната самоуправа Дебрца за 2018 година
  4. Предлог – Годишна програма за изменување и дополнување на Годишната програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2019 година
  5. Предлог – Годишна програма за решавање на проблемот со бездомните животни на подрачјето на општина Дебрца
  6. Предлог – Годишна програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2019 година
  7. Предлог – Одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Дебрца во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP) 2

 

  • Советнички прашања

 

 

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Петре Голабоски

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод 8-ми Март

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод 8-ми Март

Почитувани сограѓанки, припаднички на понежниот пол,
Од срце Ви го честитам денешниот Ден, 8-ми Март, Денот на кој традиционално изразуваме благодарност и почит кон жените, Денот кој не потсетува на големите и храбри жени кои низ историјата се бореа за рамноправност, за она елементарно, во човечка и цивилизациска смисла, а кое многу често им било ускратено и одземено.
Денеска е друго време, многу работи цивилизацијата ги измени, многу грешки поправи, меѓутоа борбата сеуште трае.
На многу подрачја и денес треба да се бориме за вистинско вреднување на положбата и улогата на жените во современото општество. Со тие предизвици посебно е соочена руралната жена.
А повеќе жени во сите подрачја, посебно во оние во кои се управува со општеството само ќе придонесе овој свет да биде подобар, потолерантен и посреќен.
Со таа мисла посакувам Денот на жените уште повеќе да не поттикне секој ден во годината да го посветиме на рамноправноста, толеранцијата, солидарноста и општото добро.
Не заборавете, никој доброволно не се откажува од моќта, никој нема да Ви ја подари рамноправноста, за неа треба секојдневно да се борите, а општината и државата ќе бидат толку јаки колку што сте Вие силни, слободни, почитувани.
Бидете среќни и секој ден нека биде Ваш Ден. – стои во честитката од градоначалникот Ногачески

Градоначалникот Ногачески оствари средба со месните заедници и црковните одбори во општина Дебрца

Градоначалникот Ногачески оствари средба со месните заедници и црковните одбори во општина Дебрца

Тргнувајќи од нашата заложба да обезбедиме ефикасна граѓанска партиципација во процесот на креирањето на локалните политики и да го зголемиме непосредното учество на граѓаните во носење на одлуките на локално ниво и во контрола на спроведувањето на усвоените политики и одлуки денес остварив работна средба со претставници на месните заедници од општината Дебрца.
Преку транспарентен и интерактивен пристап разговаравме за сите приоритетни проблеми во месните заедници, со цел истите да ги детектираме и пристапиме кон подготовка на инвестиционо-технички документации , поднесување на апликации за обезбедување на финансиски средства и имплементација на проектите.
Голем дел од денес изнесените проблеми веќе се составен дел на годишните програми на општината, некои допрва ќе бидат земени во предвид, а некои ќе почекаат подобри времиња.
Приоритетите на месните заедници треба да ги утврдат непосредно граѓаните, а не да бидат наметнати решенија од локалните или централните власти.
Во секој случај, имавме една плодна дебата и практика која ќе ја продолжиме и во иднина.

Преку EU IPA грант Општина Дебрца набави нова механизација

Преку EU IPA грант Општина Дебрца набави нова механизација

Ветивме дека ќе го подигнеме квалитетот на комуналните услуги на едно пристојно ниво, соодветно на потребите на граѓаните на општина Дебрца.
Една од мерките за постигнување на таа цел е набавка на нова механизација за Јавното комунално претпријатие.
Денес конечно е реализирана набавката и од страна на избраните добавувачи е испорачана механизацијата и тоа:
– универзален ровокопач натоварувач ЈЦБ, опремен со нож за чистење на снег и мини ровокопач на гумена гусеница ЈЦБ, во вкупна вредност од 5.892.191 денари;
-трактор со приклучна механизација-приколка, мулчер и нож за чистење на снег, во вредност од 2.441.550 денари и
-теренско возило Лада Нива, во вредност од 714.347 денари.
Вкупната вредност на механизацијата изнесува 9.048.088 денари или 147.000 евра, а средствата се обезбедени од ЕУ ИПА грант ( 111.000 евра ), грантот за успешност ( 10.000 евра ) и буџетот на општина Дебрца ( 26.000 евра ).


Во оваа прилика, изразувам благодарност до Делегацијата на ЕУ во Македонија за обезбедениот грант, Министерството за финансии кое го спроведуваше проектот / МСИП проектот за подобрување на општинските услуги и советниците во советот на општина Дебрца, кои едногласно го поддржаа овој проект.
На Јавното комунално претпријатие му посакувам успешно користење на механизацијата и грижа за истата како добри и совесни домаќини.
Граѓаните на Дебрца сакам да ги уверам дека дека ова не е крајот на нашите заложби да обезбедиме квалитетни комунални услуги. 
Напротив, во подготовка или во тек се и други проекти за кои набргу ќе информираме.
И да им посакам со здравје и леснотија да си ја користат новата механизација. –  изјави градоначалникот Зоран Ногачески по извршувањето на техничкиот прием на механизацијата.