Select Page
Учесниците на 35-та Интернационална ликовна колонија “Дебрца 2019” на прим кај градоначалникот

Учесниците на 35-та Интернационална ликовна колонија “Дебрца 2019” на прим кај градоначалникот

Вчера градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески остгварни средба со учесниците на 35-та Интернационална ликовна колонија “Дебрца 2019”, која се одржува од 30.06.-07.07.2019 година

Уште еднаш посакувајќи им топло добредојде, гостите ги запознав со потенцијалите на општина Дебрца, историјатот на ликовната колонија и изразив надеж дека ќе понесат убави спомени од Дебрца.
Уметноста не познава граници, национални, верски, јазични бариери. Доказ за тоа е присуството на уметници од повеќе држави ( Македонија, Србија, Бугарија, како и почесниот конзул на Монголија во Македонија.
Им посакав творечка инспирација, која во Дебрца во изобилство ја има. – изјави градоначалникот Ногачески по средбата.