Отворено јубилејното 35- то издание на Интернацоналната Ликовна колонија Дебрца 2019
Синоќа во салата на ОУ Дебрца, беше свечено отворено јубилејното 35- то издание на Интернацоналната Ликовна колонија Дебрца 2019. Честа да ја отвори колонијата му припадна на градоначалникот Зоран Ногачески.
Вечерва имав чест да ја прогласам за отворена Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца” – Белчишта, нејзиното јубилејно 35 то издание. Поздравувајќи ги учесниците на Ликовната колонија и присутните гости истакнав дека 35 –те години творештво на колонијата покажуваат дека Ликовната колонија “Дебрца” не е обичен културен настан, туку највисок културен дострел на Белчишта , како седиште на општината и на општина Дебрца. Пред 35 години основоположниците на колонијата можеби и самите не биле свесни дека создале културна рожба , која денес е блескаво културно наследство и уметничките дела создадени на Ликовната колонија не се само наследство на Дебрца и Македонија, туку се светско културно наследство.
Минатата година констатиравме дека последниве години навистина се забележува една малаксаност на колонијата, но и ветивме дека веќе од наредната година ќе внесеме нова сила и енергија, ќе вбризгаме нов адреналин и ќе го вратиме стариот сјај на Ликовната колонија. Со денешното отворање на Ликовната колонија тоа и го исполнуваме.
На крајот, на сите годинешни учесници им посакав инспирација за создавање на нови уметнички дела, а тоа во Дебрца го имаат во изобилство, синергијата од слободарскиот дух, природните богатства и културното наследство се непресушен извор на творечка инспирација.
Создавајте дела, водејќи се од максимата: Ars longa, vita brevis или уметноста е долга – животот е краток. – изјави градоначалникот Ногачески по отворањето на манифестацијата.
Оваа година по повод јубилејот, Управниот одбор додели плакети и признанија за посебен придонес и афирмација на Интернационалната Ликовна Колонија Дебрца,
Ова се добитниците
Постхумни плакети добија:
| 1 | Ристе Шапкар |
| 2 | Академик Димче Коцо |
| 3 | Академик Цветан Грозданов |
| 4 | Јоне Симонче |
| 5 | Драгица Силјаноска |
| 6 | Тане Атанасоски – Гарски |
| 7 | Најдена Попоска |
| 8 | Киро Танески |
| 9 | Русе Нестороски |
Златни плакети за посебен придонес и афирмација им беа доделени и на:
| 1 | Проф. Д-р Љубе Трпески |
| 2 | Благоја Силјаноски |
| 3 | Јосив Ефтимоски |
| 4 | Д-р Зоран Јолески |
| 5 | Устијан Шишкоски |
| 6 | Ѓоко Целески |
| 7 | Јордан Манасиевски |
| 8 | Ставре Димитров – Стадим |
| 9 | Ѓорѓи Андонов – Жоро |
| 10 | Љубен Стојкоски |
| 11 | Асен Целески |
| 12 | Илија Илоски |
| 13 | Проф. Д-р Мито Спасески |
| 14 | ОУ “Дебрца” |
| 15 | Мето Георгиески |
| 16 | Гоце Божурски |
| 17 | Акад. Васко Ташкоски |
| 18 | Миро Крстески |
На сите добитници во името на Општина Дебрца им ги честитаме наградите.













