Select Page
Евроамбасадорот Жбогар во посета на општина Дебрца

Евроамбасадорот Жбогар во посета на општина Дебрца

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар, заедно со амбасадорката на УНДП во Р.С. Македонија, Нарине Сахакјан, министерот за земјоделство на Р.С Македонија Трајан Димкоски, утре ќе бидеат во посета на општина Дебрца. Целта на посетата е промоција на проектот “Санација на браната на Слатинско Езеро”,  финансиран од ЕУ, а имплементатор УНДП, партнери се општина Дебрца и Водостопанство на Р.С. Македонија. Вкупната вредност на проектот е повеќе од еден милиони евра.

Во прамките на посетата претходно е предвидено, евроамбасадорот да оствари официјална средба со градоначалникот на општина Дебрца, г-дин Зоран Ногачески.

.