Oct 2, 2019
Во четврток, 3 октомври, во историското Црвена Вода, ќе се одбележат – 76 години од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ, а воедно и патрониот празник на општина Дебрца.
Пред Спомен домот, местото и објектот каде, во 1943 година, Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, го објавија Манифестот до македонскиот народ за целите на анти-фашистичката војна, во селото Црвена Вода, со почеток во 16 часот, ќе се одржи голем народен собир, на кој свој говор ќе има и претседателот на Северна Република Македонија и врховен командант, Стево Пендаровски.
Покрај претседателот Пендаровски, свое обраќање ќе има и градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народно–ослободителната антифашистичка војна на Македонија, д-р Никола Стојаноски, претседателот на Општинската организација на Сојузот на борци за општините Охрид и Дебрца, Гоце Героргиевски.
Пред Спомен обележјето, цвеќе ќе положат уште и делегации на Генералштабот на АРМ, на гарнизонот во Кичево, на општините Охрид и Дебрца, на боречките организации од Охрид, Дебрца, Струга и Кичево, на месната заедница во селото и други.
Гостите ќе можат да ја разгледаат реконструираната зграда на Спомен домот, за што средства, во висина од 10 илјади евра, обезбеди општина Дебрца, заедно со Спомен собата на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, односно Спомен собата на Ванчо Николески, доаенот на македонското детско-младинско литературно творештво.

Oct 1, 2019
Република Северна Македонија
Проект за подобрување на општинските услуги (MSIP)
MSIP-SH–MUN-DEB-01-19
- Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.
Република Северна Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Подобрување на општинските услуги преку набавка на нова IT опрема
- Општина Дебрца ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за набавка на добра – IT опрема да ги достават своите запечатени понуди.
- Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за купување како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD заеми и IDA кредити од јануари 2011 година, и е отворен за сите Понудувачи од квалификуваните држави како што е дефинирано во тендерската документација.
- Заинтересираните Понудувачи може да добијат дополнителни информации на наведената адреса од 08:00 до 16:00 часот.
Општина Дебрца
Адреса: с. Белчишта бб, 6344
До: Ангел Секулоски
e-mail: asekuloski@gmail.com
Тел: +38946286855; +38978236060
- Заинтересираните Понудувачи бесплатно ќе ја добијат комплетната тендерска документација по поднесувањето на писмена апликација на горенаведената адреса.
- Понудите мора да се достават на горенаведената адреса до 12:00, пладне на 15/10/2019. Електронско доставување на понуди не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени.
Градоначалник на Општина Дебрца
Зоран Ногачески