Select Page
Покана за инфо ден IPARD 2014-2020

Покана за инфо ден IPARD 2014-2020

На ден 17.10.2019 (Четврток) со почеток во 11 часот во салата за состаноци на општина Дебрца – Белчишта.  ќе се одржи еднодневен настан-инфо ден IPARD 2014-2020 во организација на Министерство за земјоделство, водостопанство и шумарство. Поканети се сите заинтересирани странки, кои сакаат да дознаат повеќе детали за начинот на аплицирање и реализирање на овој тип на проекти.

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод празникот 11 Октомври

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод празникот 11 Октомври

Почитувани граѓани,
11 октомври е ден од македонската историја, кој не само што е симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност. На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Востание кое мора да стои на пиедесталот на македонскиот народ во креирањето на вистинската приказна за македонската република..
Во најубавата приказна за слободна Македонија посебно е вградена и нашата Дебрца,
Во Дебрца, на Славеј Планина е формирана првата регуларна воена единица на НОВ и ПОМ, баталјонот “Мирче Ацев”, во Сливово е формирана Првата македонска-косовска ударна бригада, во Црвена Вода е објавен Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, Дебрца беше првата слободна територија во НОБ.
Наша должност останува да го чуваме она за кое се дадени многу животи.
Нашата историја не мотивира да чекориме напред, да веруваме во себе.

Нека ни е честит празникот, нека ни е вечна Македонија !

ОУ “Дебрца” ја одбележува Детската недела

ОУ “Дебрца” ја одбележува Детската недела

Со разни активности во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври се одбележува Детската недела.
И учениците од ОУ “Дебрца” со повеќе активности се вклучени во одбележувањето на Детската недела.
Денес градоначалникот Ногачески ја имаше честа да биде домаќин на учениците и да ги слушнам нивните потреби, барања и желби.

Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас.
Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет. – изјави градоначалникот Ногачески, по средбата со учениците од ОУ “Дебрца”.

Објава за достапност на Нацрт – Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г.

Објава за достапност на Нацрт – Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г.

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека е изработен Нацрт – Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. Согласно постоечката законска регулатива (Законот за животна средина, Законот за управување со природно и културно наследство на Охридскиот регион и Архуската конвенција) Планот е достапна за увид и јавна консултација на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање http://www.moepp.gov.mk/?page_id=3194

Мислењата по истиот можат да се достават до Министерството како орган на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 60 дена од објавувањето на електронската адреса:
infoeko@moepp.gov.mk или skj.mzspp@gmail.com .

Во рамки на консултативниот процес, на почетокот на ноември 2019 г. ќе биде организирана и јавна расправа за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Свечено одбележан патронатот на општина Дебрца

Свечено одбележан патронатот на општина Дебрца

Денес во историското Црвена Вода, Славна Дебрца одбележавме 76 години од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, до македонскиот народ, на 03 Октомври 1943 година, Ден кој е патронен празник на општина Дебрца.

Во оваа пригода наш гостин беше и Претседателот, Г-дин Стево Пендаровски, кој имаше свое обраќање.

Свое обраќање пред присутните имаше и градоначалникот Зоран Ногачески кој посебно го истакнав следното:

Манифестот до македонскиот народ, од 1943 година, по своето значење, е еднаков со Крушевскиот манифест од 1903 година и во него е претставена платформата на македонската државност , односно Асномска Македонија.

Дебрца е величествен споменик на слободата. Дебрца е македонското светилиште. Во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја. И во времето на Светиклиментовата Кутмичевица и во илинденскиот период и најдолгиот пат од Арбиново, Дебрца до Дијар Бекир и назад и во текот на НОБ.

И не само тука, во Црвена Вода, на денешен ден, туку и на Славеј Планина, каде беше формирана првата регуларна воена единица, баталјонот “Мирче Ацев”, во Сливово беше формирана Првата Македонска-Косовска ударна бригада, Дебрца беше првата слободна територија во НОБ, а во селото Издеглавје, во 1944 година беше возобновена Охридската Архиепископија , во лицето на Македонската Православна Црква.

Затоа, имаме обврска, но и аманет од нашите претци да се однесуваме одговорно кон нашата историја и нејзините придобивки.

Поради тоа, започнавме со санација на овој Спомен Дом, во кој се сместени Спомен собата на ГШ НОВ и ПОМ и Спомен собата на писателот Ванчо Николески.

Дебарца долго време беше на маргините, поради што луѓето си заминуваа, селата ни се празнеа. Но, тоа не значи дека духот на нашите претци е исчезнат. Тој живее во сите нас и во нашата визија за Дебрца.

Таа визија е да го унапредиме овој крај, да ја вратиме душата на Дебрца, да го сочуваме нејзиното богато природно, културно и историско наследство. Наследство кое не е само наше, на општина Дебрца и Македонија, туку е и светско наследство.

Нашата визија е Дебрца да остане чиста и незагадена и секогаш да пружа одмор, мир, чистота и револуционерност, не само на нас, туку и на сите добронамерници кои ќе ја посетат.

Затоа и во наредниот период упорно и посветено ќе работиме да се сочува интегритетот на Дебрца, нејзината епска димензија и еколошка иднина.