Apr 12, 2024
Изминатава седмица преку програмата за јавни работи реализирани се повеќе активности
Чистење на речното корито во урбаниот дел / низ село/ Волино,во должина од околу 1400 метри,
Косење на зелени рекреативни површини кај детско игралиште во село Оровник,
Косење на јавни зелени површини во центарот на село Требеништа,
Косење на парк во детско игралиште село Волино и јавни површини во центарот,
Косење на јавни зелени површини кај спортски полигон и поранешна општинска зграда село Мешеишта,
Косење на јавни зелени површини во центарот на село Белчишта,
Косење на јавни зелени површини на “Исток”,село Велмеј,
Чистење на дива депонија од градежен шут во близина на Селскиот дом,село Велмеј.
Продолжуваме во континуитет и во останатите населени места
Apr 12, 2024
Општинската изборна комисија Дебрца Ве известува гласањето за избор на Претседател на Република Северна Македонија на ден 24.04.2024 година и избор на Пратеници во Собрание на Република Северна Македонија кое ќе се одржи на ден 08.05.2024 година за гласачите на Избирачките места:
Избирачко Место-1327-Сошани
Избирачко Место-1326-Оздолени
Гласањето за двете избирачки места ќе се спроведе во Задружниот дом во с.Оздолени.
Избирачките места :
– 1328 – Сливово
– 1329 – Арбиново
– 1330 – Мраморец
– 1331 – Турје
– 1334 – Лактиње
Гласањето за наведените избирачки места 1328, 1329, 1330, 1331 и 1334 ќе се спроведе во Црковната трпезарија во Село Лактиње.
Известување избирачко место 1327 и 1326 Оздолени
Известување избирачко место 1328, 1329, 1330, 1331 и 1334 – Лактиње
Apr 10, 2024
Почитувани наши сограѓани, верници од исламска вероисповед, Ви го честитам големиот верски празник – Рамазан Бајрам.
Нека празникот Ви донесе многу здравје, радост,спокој и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски.
Љубовта кон ближните и хуманоста кон посиромашните нека ни биде водилка и сега и во иднина.
Нека владее добрата мисла и добрите човекови дела, како за празникот, така и во текот на целата година.
Ваквите вредности се богатство во нашето општество и нивното зачувување е наша обврска.
Нека е честит големиот верски празник – Рамазан Бајрам.
Apr 5, 2024
Деновиве завршија градежните активности за изградба на пристапниот пат кој ја поврзува манастирската црква “Св.Недела”, во Требеништа со локалниот пат, односно се изврши тампонирање и асфалтирање на потегот од поштата до манастирската црква “Св.Недела”
Apr 3, 2024
Денес се одбележува 3 Април: Светскиот ден на водните животни, Белчишко Блато е дом на 85 видови птици, или една третина од вкупниот број видови во земјава, 224 растителни видови, како и 33 видови цицачи или 37 отсто од вкупниот број во земјата, меѓу кои и видрата како и голем број на водни животни. Белчишко Блато е дел од Емералд мрежата и во моментов во тек е изготвување на закон со кој ќе биде ставено под строга заштита како Парк на природата. Тоа е блатен екосистем, кој се напојува со вода од повеќе од десет видливи карстни извори, познати како „Сини Вирови“ и е потенцијално Натура 2000 подрачје, со што ќе влезе и во Европската кохерентна мрежа. Белчишкото Блато е идна Еко-Туристичка атракција во Општината, во регионот и Државата а ќе биде препознаено и во меѓународни рамки со својата уникатност и недоперна природна убавина и автентичност.