May 20, 2026
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 12-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 12–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 20.05.2026 година (среда) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за прогласување на природна непогода на дел од територијата на општина Дебрца
- Разгледување на проблемот околу Елаборатот за настанати штети од измрзнување на земјоделски насади во 2025 година
- Предлог – Одлука за изменување а одлуката за субвенционирање на линискиот превоз на патници
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски
May 20, 2026
Известување до населени места Оровник и Горенци за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Понделеник 25.05.2026 година
ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Оровник и Горенци дека поради неработниот ден 25.05.2026г Понеделник (државен празник 24 мај “Св Кирил и Методиј” во Недела, неработен ден Понеделник), комуналниот отпад ќе се подигне во Вторник на 26.05.2026г.
Известување до населени места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Петок 29.05.2026 година
ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан дека поради неработниот ден 29.05.2026г Петок (православен празник Духовден), комуналниот отпад ќе се подигне во Четврток на 28.05.2026г.
May 19, 2026
ПАТОТ ДО „СВ. ДИМИТРИЈА“ ВО ИЗДЕГЛАВЈЕ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ САМО ПРАЗНО ВЕТУВАЊЕ!

Она што со децении го слушавте само како најава пред избори од многумина пред нас, конечно излегува од фиоките и станува реалност!

Официјално е објавен повикот од Министерството за транспорт и врски за асфалтирање на локалниот пат од село Издеглавје до црква „Св. Димитрија“, во должина од 1 километар.

Ние како Општина изработивме комплетна проектна документација и успешно аплициравме за овој значаен проект.

Сакам да упатам огромна благодарност Министерство за транспорт и врски и министерот Александар Николоски, кој покажа разбирање за нашите приоритети.

Многу министри и градоначалници пред нас ветуваа – ние го градиме, нашиот збор има тежина.

Вака се почитува сопствениот народ и вака вистински се сака Дебрца – не со празни зборови, туку со оставање трајни дела кои ќе ги паметат генерациите!

Продолжуваме неуморно, чекор по чекор, за секое наше село!
May 15, 2026
Општина Дебрца ги известува сите заинтересирани земјоделци и сточари дека и оваа година организира посета на традиционалниот Саем во Нови Сад, кој ќе се одржи во периодот од 16 до 21 мај.
Со цел да им излезе во пресрет на нашите земјоделци и сточари, Општината организира бесплатен превоз за околу 50 лица, а дополнително ќе го покрие и трошокот за едно ноќевање во износ до 50 евра по лице.
Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават и да добијат дополнителни информации кај лицето за контакт:
Танче Крем Николоски
Тел: 075 828 060
Ги повикуваме сите заинтересирани да ја искористат можноста за посета на еден од најзначајните саеми од областа на земјоделството и сточарството во регионот.