Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 10-та седница на Советот на општината Дебрца Ја свикувам […]
Реден број Носител на активноста Одобрени средства 1. Здружение Фудбалски клуб Слатино 2020 Дебрца 40.000 денари 2. Здружение за турнир во мал фудбал св. Никола с.Требеништа 90.000 денари 3. Здружение за унапредување Оровник 2012 – Оровник Дебарца 90.000 денари 4. Здружение Фудбалски клуб САТЕСКА с.Волино 90.000 денари 5. Фудбалски клуб Лешани с. […]
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената Градоначалникот Златко Сиљаноски, во неговиот кабинет оствари средба со колешките од општина Дебрца каде, упати искрени честитки до сите жени. Овој ден е симбол на борбата за еднаквост, почит и достоинство, како и признание за огромниот придонес на жените во семејството, општеството и институциите. Градоначалникот истакна, […]
Вечерва имав особена чест и задоволство да бидам дел од ифтар вечерата организирана за жителите од муслиманска вероисповед од с. Горенци. Во духот на светиот месец Рамазан, оваа средба беше прекрасна можност да споделиме моменти на почит, заедништво и солидарност. Нашата општина отсекогаш била пример за соживот, меѓусебно разбирање и почитување на различностите, вредности кои […]
Предизвикан пожар во с. Издеглевје при што изгореа десетици хектари. Огнот можеше да навлезе во неколку домови и да предизвика голема материјална штета, но среќа е што навремено беше запрен. Голема благодарност до ТППЕ Охрид и нашите волонтери од „Ентузијаст Белчишта“ – благодарение на нивната брзина и пожртвуваност, штетата беше спречена и животите на жителите […]
Почитувани сограѓани, Во духот на отчетноста и транспарентноста, чувствувам обврска лично да Ве информирам за сè што е реализирано и започнато во првите 100 дена од мојот мандат во Општина Дебрца. Довербата се гради со работа, со чесен пристап и со конкретни резултати. Отчетноста не е само збор – таа е обврска кон народот. Јас […]
ЈКП Дебрца ги известува жителите на Подмоље дека поради настанат дефект на главната водоводна мрежа на цевка со профил ф315 има прекин во водоснабдувањето. Екипите се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот и се очекува во текот на денот нормализирање на водоснабдувањето. Ги замолуваме граѓаните за разбирање и трпение. ЈКП Дебрца
Извршив увид на започнатите градежни работи за реконструкција на улицата во с. Волино, на потегот кон црквата „Св. Петка“. На терен присуствуваа претставници од инвеститорот, изведувачот и надзорот, со кои разговаравме за динамиката и квалитетот на реализацијата. Со овој проект обезбедуваме подобра и побезбедна инфраструктура за жителите на селото. Во рамки на посетата го посетив […]
Општина Дебрца и градоначалникот Златко Сиљаноски се приклучуваат кон одбележувањето на 28 Февруари – Денот на ретките болести. Со оваа симболична поддршка, Општината испраќа порака за солидарност, разбирање и инклузија на лицата кои живеат со ретки болести и нивните семејства. Мотото на кампањата „Ретко е да си редок“ нè потсетува дека иако болестите се ретки, […]
Општина Дебрца ја информира јавноста дека во врска со информациите објавени на интернет порталите, поврзани со наводна пријава против наставник од ООУ „Дебрца“, од страна на училиштето е доставено писмено известување до Општината. Согласно доставеното известување од Општинското основно училиште „Дебрца“, училиштето постапило веднаш согласно законските прописи и интерните процедури и спровело внатрешна проверка […]
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 9-та седница на Советот на општината Дебрца […]
Денес, во Виена градоначалникот на општина Дебрца ја подигна донацијата вредна 30.000 евра, камион MAN за собирање смет, кој ќе го користи ЈКП Дебрца. Ова е само првиот чекор на нашата соработка со Општина Виена. Дебрца денес има уште еден голем пријател! Градоначалникот на општина Дебрца Златко Сиљаноски искажа Благодарност до градоначалникот на Виена, Михаел […]
