Mar 26, 2024
Нов успех на нашата Анастасија Мојсовска, од Оровник на Државното првенство во стрелаштво со воздушна пушка, на кое постави нов личен и државен рекорд.
Честитки, а општина Дебрца како во изминатиот период и во иднина ќе го наградува секој нејзин успех, преку кој ја репрезентира и нашата општина.
Mar 25, 2024
Во изминатите години водоснабдувањето беше во фокусот на интерес на општината, а со цел да се обезбеди квалитетно снабдување со вода за пиење на населените места.
На тој план, реализирани се повеќе проекти, но и покрај тоа има уште проблеми за решавање.
Еден од проблемите на кој во наредниов период ќе посветиме внимание е водоснабдителниот систем во село Мешеишта,кој јавното претпријатие го презеде во септември 2022 година.
Водоснабдителниот систем во Мешеишта,кој се презеде со долг за неплатени сметки за електрична енергија,во износ од околу 500.000 денари има и други аномалии.
Се работи за стар систем,граден во 70-те години на минатиот век,со големи загуби на вода,поради оштетувања на резервоарот и уличната мрежа,со пумпна станица со пумпи со застарена технологија, што има за последица поголема потрошувачка на електрична енергија.
Поради тоа, акцентот го ставаме на неколку активности:
- Деновиве ќе биде објавен тендерот за набавка на нова пумпа и замена на електричниот орман, како и за санација на постојниот/стариот резервоар,
- Во подготовка е техничка документација за оправданост од инсталирање на фотонапонска централа кај пумпната станица,
- Општината има изготвено техничка документација за реконструкција на уличната мрежа и бидејќи се работи за поголема инвестиција, за која општината сама не може да ги обезбеди потребните средства ,
Проектот на прв објавен повик ќе биде аплициран за обезбедување грант средства од домашните или меѓународните инвестициски фондови.
Mar 24, 2024
По спроведената постапка за јавна набавка на вертикална сообраќајна сигнализација општина Дебрца ќе врши набавка на сообраќајни огледала, кои ќе бидат поставени на места каде што нема или има мала видливост при приклучување во сообраќајот,со што се загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Од страна на општинските служби детектирани се повеќе такви критични места,каде ќе се постават сообраќајни огледала.
Ве повикуваме, доколку имате детектирано вакви места да доставите и Ваши предлози,каде што има потреба од поставување на ваква сообраќајна опрема на контакт телефон 046/286-855 или на mail: contact@debrca.gov.mk
Вашите предлози ќе бидат земени во предвид и доколку се оправдани ќе биде соодветно постапено, а во интерес на безбедно одвивање на локалниот сообраќај.
Mar 21, 2024
Денес во присуство на учениците на ООУ,,Дебрца” село Белчишта,Наставниот кадар,претставниците на Здружението за екологија и туризам ,,Екотуризам 2016” и Градоначалникот на Општината го одбележаа Меѓународниот ден на Шумите и денот на пролета 21-март, со засадување на дрвца во кругот на ООУ ,,Дебрца”-Село Белчишта. Засадени се дрвца од видот на автохтона круша како и од видот на Гинкото ( Ginkgo biloba) е дрво кое е единствениот жив претставник на родот гинко. Гинкото потекнува од пред 225 милиони години, а во леденото време тоа успеало да преживее само во одредени места и се одликува со голема отпорност на екстремни услови, истото ќе се користи за едукативни цели на учениците со неговите каратеристики.

Меѓународниот ден на шумите се слави насекаде низ светот секоја година на 21 Март на меѓународно ниво, со цел да се зголеми јавната свест меѓу заедниците за вредностите, значењето и придонесот на шумите за да се балансира животниот циклус на земјата.
Шумите се суштински дел од животот на Земјата. Тие секогаш ги исполнуваат барањата на човечките суштества преку обезбедување сенка, засолниште, освежување вклучувајќи чист воздух и вода. Во современиот свет на растечка глобална популација се зголемуваат барањата на шумските производи, така што шумите се изложени на голем ризик од уништување и деградација
Шумите се сложена жива заедница на дрвја која обезбедува дом и засолниште за голем број на животни, а почвата под неа го населуваат разновидноста на без’рбетници, габи и бактерии кои играат значајна улога во балансирањето на циклусот на хранливи материи во почвата и во шумата.

Целта на оваа активност е да се подигне свеста за значењето на природата и важноста на шумите и нивната заштита.
“Кај ќе најдеш згодно место
Ти дрво засади,
дрвото е благородно,
тоа ќе те награди “
Mar 20, 2024
Денес се одржа работилница за изработка на првиот Интегриран локален развоен план (ИЛРП) на Општина Дебрца. На работилницата е утврдено дека општина Дебрца е специфична општина, со 30 населени рурални места, со огромен потенцијал за развој на (еко) туризам.
На работилницата, покрај претставниците од Локалниот развоен тим од Општина Дебрца, учествуваа претставници од локалните училишта, жители од повеќе населени места во општината, земјоделци, пчелари, преработувачи. Заедно, се обидуваа да дадат насоки за успешен, одржлив развој на општината.
Во наредниод период од странa на преставниците SEG Holding ќе се изработи SWOT анализа каде ќе бидат вметнати сите предложени мислења на присутните.
Оваа активност се спроведува во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансирана од Швајцарската влада преку Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за локална самоуправа а ја кофинансира и спроведува UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.
Mar 18, 2024
Комисијата составена од: Билјана Суклоска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Никола Короскоски советник при советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр. 09-110/1 од 05.02.2024 година, изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно конкурсот за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Репулика Македонија за учебната 2023/2024 година.
утврди дека ги исполнуваат условите следните кандидати:
1. Мирческа Зоран Ивана
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
2. Нелоски Симе Лео
– комплетна документација согласно објавениот конку
3. Андоноски Гоце Еразмо
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
4. Андоноска Гоце Марија
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
5. Целакоска Илија Емилија
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
6 . Жилеска Панче Марија
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
7. Нелоска Игор Анабела
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
8. Дуклески Драган Александар
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
9. Бујароска Сашо Климентина
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
10. Жилеска Панче Вера
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
11. Каланоски Павел Славица
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
12. Донески Гоце Филип
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
13. Гегоски Влатко Антонио
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
14. Печоска Ромео Викторија
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
15. Велјановски Стојмир Михаил
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
16. Силјаноска Александар Јана
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
17. Маркоска Даниел Ана Марија
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
18. Дуклеска Владо Јана
-комплетна документација согласно објавениот конкурс