Jun 14, 2023
Ставена е во функција пумпната станица ” Св.Еразмо”.
Со демонтажа на постоечките метални водоводни цевки ф315 мм и замена со полиетиленска HDPE цевка ф315 PN 16 во должина од 180м како и замена на фасонските елементи кои се составен дел од овој водводен систем, решена е една од најкритичните точки од водоводниот систем, на потегот каде што поради застареност и корозираност на цевките се појавуваа многу чести дефекти и испади на целиот водоводен систем од “Св.Еразмо.”
Вкупната вредност на работите изнесува 3.782.826 денари, средства обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.
Jun 14, 2023
Преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година, а по аплициран проект до Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедени се 2.000.000 денари за доизградба на канализациониот систем во село Волино /изградба на пумпната станица број 3 ,со што целосно ќе биде завршена изградбата на овој систем.
Во наредниот период ќе се пристапи кон објавување на тендерската постапка со што ќе се имплементира проектот.
Jun 8, 2023
Во село Лактиње се завршени градежните активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување, во централниот дел на селото.
Во должина од 110 метри каналот е уреден со коругирани одводни цевки фи 250, а во должина од 22 метри отворен и бетониран, покриен со метални решетки.
Вкупната вредност на работите изнесува 313.054 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.
May 26, 2023
Започна замена на дел од регионалниот цевковод кој излегува од пумпната станица ,,Св. Еразмо”, со која се предвидува демонтажа на постоечка метална водоводна цевка ф315 и замена со полиетиленска HDPE цевка ф315 PN 16 во должина од 180м како и замена на фасонските елементи кои се составен дел од овој водводен систем.
Со овој зафат се подобрува активноста на регионалниот водоснабдителен систем како и намалување на дефектите на тој потег.
Средствата во висина од 3.782.826,00 денари со вклучен ДДВ се обезбедни од буџетот на Општина Дебрца

May 17, 2023
Денес во општина Дебрца, во присуство на претставници на општината, Единицата за спроведување на ПЕЕЈС при Министерството за финансии , Одборите на корисници претставниците на Градежен институт Македонија ја презентираа Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца.
Во презентацијата се претставени и воедно се разговараше за мерките кои може да се имплементираат во рамки на 3 (три) разгледани технички сценарија заедно со финансиската анализа за истите.
Физибилити студијата е изработена за потребите на подпроектот “Модернизација на јавното осветлување во населените места во општина Дебрца”, за кој општината има аплицирано за добивање на подзаем и грант од Министерството за финансии, а во рамки на средствата обезбедени со Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка.
May 12, 2023
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” успешно ја спроведоа акцијата за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН”, Заедно со Пивара Скопје и ПАКОМАК, со поддршка од Нула Отпад и Шпаркасе Банкa.
Aкција започнa во 9 и 30 часот на две локации и тоа: Училишниот двор на ООУ,, Дебрца”- село Белчишта и пред Административната зграда на Општина Дебрца – село Белчишта.
Двете Групи составени од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца” и Дел од Аминистрацијата на Општина Дебрца како и Градоначлникот заеднички пристапија на чистење на главната улица од влезот на село Белчишта, дел од регионалниот пат Ботун-Брежани, како и влезот од правец на село Злести кон село Белчишта, центарот пред Општина Дебрца, како и Училишниот Двор на ООУ ,, Дебрца”.
Собраниот одпад ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.
Општината и понаката ќе ги подржува ваквите акции бидеќи Грижата за животната средина е наша обврска !!!.

