Jul 17, 2019
Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар, заедно со амбасадорката на УНДП во Р.С. Македонија, Нарине Сахакјан, министерот за земјоделство на Р.С Македонија Трајан Димкоски, утре ќе бидеат во посета на општина Дебрца. Целта на посетата е промоција на проектот “Санација на браната на Слатинско Езеро”, финансиран од ЕУ, а имплементатор УНДП, партнери се општина Дебрца и Водостопанство на Р.С. Македонија. Вкупната вредност на проектот е повеќе од еден милиони евра.
Во прамките на посетата претходно е предвидено, евроамбасадорот да оствари официјална средба со градоначалникот на општина Дебрца, г-дин Зоран Ногачески.
.
Jul 10, 2019
Го враќаме сјајот на една од најстарите ликовни колонии во Македонија.
Создадени преку триесет нови ликовни дела, повеќе од вкупно создадените во изминатите 5-6 години.
Голема благодарност до сите годинешни учесници на Ликовната колонија, благодарност за нивните дела, кои ќе бидат дел од културното наследство на колонијата.
Уште еднаш се покажа дека уметноста не познава граници, национални, верски, јазични и други бариери.
Ars longa, vita brevis или Уметноста е долга, животот е краток ! – кажа градоначалникот Ногачески по повод затворањето на колонијата.

Jul 9, 2019
Денес во кабинетот на градоначалникот на општина Охрид, се одржа работна средба на која присуствуваа градоначалниците на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца Коста Георгиески, Рамиз Мерко, Сашо Јанкоски и Зоран Ногачески со преставници и надворешни експерти од Црвениот крст на тема „Регионот Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам”
Целта на состанокот беше да се информираат локалните самоуправи за активностите кои ги планираат планинските спсителните служби во рамките на Црвениот крст во подобрување на безбедноста на авантуристичкот туризам, по што и градоначалницте изразија полна поддршка за идна соработка и помош од страна на локалните самоуправи.
Jul 5, 2019
Затоа оваа година, согласно Годишната програма за изградба и реконструкција на општински патишта и улици нашите активности ќе бидат насочени кон селата, кои некој пред нас со години ги заборавил и тоа :
-изградба-асфалтирање на две улици во село Врбјани,350 метри,
-изградба-асфалтирање на две улици во село Годивје, 450 метри
-изградба-асфалтирање на две улици во село Лактиње, 330 метри,
-изградба-асфалтирање на улица во село Слатино, 100 метри,
-тампонирање на улица во село Оздолени, 500 метри,
-тампонирање на пат до Црква “Св.Петка”, село Требеништа, 1 км,
-тампонирање на полски пат во село Оровник, 1 км,
-крпење на ударни дупки на асфалтните коловози.
Ветивме дека секој е важен и секој ќе биде важен.
Jul 4, 2019
Во рамките на патната инфраструктура, ќе се реализираат два проекти кои со години беа заборавени, а за кои конечно се обезбедени средства за нивна реализација :
1.Реконструкција на општински пат за село Арбиново ( врска со М4 и општински пат за село Лактиње ), во должина од околу 1,2 км и
2.Доизградба на меѓуопштинска патна врска село Волино – село Мороишта ( делот во КО-Мороишта, општина Струга ), во должина од 1,4 км.
За двата проекти средствата се обезбедени од Програмата за рурален развој, односно преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, по поднесени апликации од Центарот за развој на Југозападниот плански развој, а на предлог на општина Дебрца за првиот патен правец и на предлог на општина Дебрца и Струга за вториот патен правец.
По завршувањето на постапката за избор на изведувач ( постапката ќе ја спроведе Центарот на Југозападен плански регион , а општините се должни да обезбедат учество од сопствениот буџет од 18 %, односно да го платат износот на ДДВ), очекуваме во текот на Август и Септември проектите да бидат завршени.
Ветивме, исполнуваме. Зборот е збор !