Select Page
Советот на општина Дебрца ги усвои годишните програми за развој на општината и Буџетот на општината за 2022 година

Советот на општина Дебрца ги усвои годишните програми за развој на општината и Буџетот на општината за 2022 година

На денешната 3-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 10 гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2022 година и Годишните развојни програми на општината за 2022 година.

.На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2022 година.

Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2022 година е проектиран на износ од 112.000.000 денари.

Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.

На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.

Во буџетот за 2022 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други.

Закажана 3-та седница на Советот на Општина Дебрца

Закажана 3-та седница на Советот на Општина Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 3-та седница на Советот на општината Дебрца

 

Ја свикувам 3та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден  24.12.2021 година (петок) , со почеток во 12.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:                                                                      

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Предлог – Годишна Програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Дебрца за 2022 година
  2. Предлог – Годишна Програма за реконструкција, модернизација, користење и одржување на Јавното осветлување во општина Дебрца за 2022 година
  3. Предлог – Годишна Програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2022 година
  4. Предлог – Годишна Програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2022 година
  5. Предлог – Годишна Програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2022 година
  6. Предлог – Годишна програма за развој на културата во општина Дебрца за 2022 година
  7. Предлог – Годишна програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2022 година
  8. Предлог – Годишна програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2022 година
  9. Предлог – Годишна програма за организирање на Јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2022 година
  10. Предлог – Годишна Програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги во општина Дебрца за 2022 година
  11. Предлог – Буџет на Единицата на локална самоуправа Дебрца за 2022 година
  12. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на општина Дебрца за 2022 година
  13. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за палтите на државните службеници за 2022 година

 

  • Советнички прашања

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Илчо Алексоски

Известување за жителите на Подмоље

Известување за жителите на Подмоље

Се известуваат жителите на населеното место Подмоље, дека поради приклучок на новоизградениот резервоар на главната водоводна мрежа, во текот на ден  14.12.2021 година  од 8:00 до 16:00 часот  ќе има прекин во водоснабдувањето на ова населено место се до негово поврзување, по што повторно ќе биде воспоставено водоснабдувањето.

 Општина Дебрца 

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ 2022

Почитувани граѓани, 

 
Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2022 година. 
Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет.
Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст. 
Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.
Секој пополнет формулар ќе биде темелно прегледан од нашите сектори и предлозите за нови проекти ќе бидат земени предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2022 година.

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ДЕБРЦА 2026

    Ве молиме изберете во која област припаѓа вашиот предлог/идеја.
  • Ве молиме во кратки црти објаснете ја вашата предлог идеја/проект
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваш контакт број.
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваша е-маил адреса
Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина Дебрца.

Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина Дебрца.

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Општина Дебрца со седиште во с.Белчишта бб општина Дебрца достави известување за намера за изведување на проектот и утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина: Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина Дебрца.

Со проектот се предвидува реставрирање на природното речно корито на река Сатеска со цел да се пренасочи најчесто повторуваниот проток од 15m³/s во нејзиното природно корито што се влева во Црн Дрим, како и заштита и намалување на таложењето на наносот во речното корито со предвидување на антиерозивни мерки и таложник за собирање на наносот.

Надлежен орган за донесување на одлуката е Министерството за животна средина и просторно планирање.

Целосното известување за намера за изведување на Проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина Дебрца може да се види на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање, со седиште на Плоштад Пресвета Богородица бр. 3,  1000 Скопје. www.moepp.gov.mk

 

Во прилог спроведената Оцена на еколошкото и социјалното влијание од проектот за обнова на коротото на река Сатеска за пренасочување во нејзиниот природен тек изготвен во согласност со Социјалните и Еколошки стандарди на УНДП (кликнете тука).

Контакт лица:

 

Инвеститор општина Дебрца, Игор Мартиноски

   е-маил: igormartinoski@yahoo.com

тел: 070 667 930

 

М-р Марјан Михајлов-експерт за ОВЖС/СОЖС

е-маил: m.mihajlov@maneko.com.mk

тел: 076 298 297

 

Министерство за животна средина и просторнио планирање

 Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје

 

 Билјана Петкоска – Раководител на Сектор за животна средина

   Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје

   тел: 076 455 427;

   е-маил: b.petkoska@moepp.gov.mk

Зоран Ногачески е старо-нов градоначалник на Општина Дебрца

Зоран Ногачески е старо-нов градоначалник на Општина Дебрца

Денес од страна на Општинската изборна комисија Дебрца, градоначалникот Зоран Ногачески го доби Уверението за избран градоначалник на општина Дебрца, со што  фицијално го започна новиот втор мандат 2021-2025, а врз основа на изборната волја на граѓаните изразена на локалните избори.
Големата поддршка од Вас, граѓаните за мене е уште поголема обврска и одговорност.
Подавам рака и ги повикувам сите граѓани да ни се придружат заедно да продолжиме да го градиме нашиот заеднички дом, нашата Дебрца.
Убеден сум дека на тој пат ќе имаме добра соработка и со новоизбраните членови на советот на општината, на кои им го честитам изборот.
Продолжуваме! Заедно за Дебрца! – изјави градоначалникот по повод добивањето на новиот мандат.