Select Page
Издеглавје

Издеглавје

Селото Издеглавје се наоѓа во областа Дебрца, меѓу Славеј и Илинска Планина.Од Охрид е оддалечено 31 километар, и се граничи со следниве села: од север и северозапад со селата Лактиње и Арбиново, од запад со селото Песочани, од исток со Слатино, и од југ со селата Оздолени и Слатински Чифлик.

Во 19 век, селото Издеглавје се наоѓало во Охридката каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство. Според податоци од 1900 година, во селото Издеглавје имало 220 жители, сите Македонци христијани, а во 1905 година имало 224 жители. Од 1948 година бројот на жители во селото се зголемил на 471, во 1953 година бројот бил 529 жители, а веќе во 1961 година тој изнесувал 566.Десет години подоцна во 1971 година бројот на жители почнал да се намалува на 445, во 1981 година 339 жители, 1991 година 176 жители, а веќе во 1994 година бројот се намалил на 150 жители за да во 2002 година бројот на жители во селото Издеглавје достигне бројка од 136 жители.

Во минатото до средината на 18 век во атарот на селото Издеглавје постоело селото Зглавица. Тоа било огромно село и имало околу 500 куќи, но Турците го уништиле селото, а многу од населението го убиле. Од тие што преживеале го основале денешното Издеглавје.

Родови во селото Издеглавје се:

  • Тувчевци или Шулевци, Трповци, Куловци, Милевци, Гавриловци, Игларовци, Стојановци, Паунковци, Николовци, и Србиновци.

Староседелци кои живееле во раселеното село Зглавица се:

  • Коњаровци и Савевци- доселени од селото Арбиново
  • Китановци- за нив се вели дека се доселени од Албанија
  • Штакаровци- доселени се од селото Нерези, Дримкол
  • Цолевци- доселени се од селото Врбјани
  • Чавдаровци- не се знае точно од каде се доселени.

Според истражувања во 1948 година родови во селото Издеглавје се:

  • Староседелци: Шулевци, Ничевци, Марковци, Чавдаровци или Андреевци, Лулевци, Китановци, и Смилевци или Милевци.
  • Доселеници: Коњаровци доселени се во 1850 година од селото Арбиново, Прензовци доселени се во 1860 година од селото Сливово, Митревци доселени се 1865 година од селото Нерези Дримкол, и Димовци доселени 1870 година од селото Оздолени.
  • Роми: Демировци доселени се во средината на 19 век не се знае од кое место, а дошле тука како ковачи.

Во Октомври 1943 година во Издеглавје бил организиран Првиот свештенички одбор на кој била донесена одлуката за возобновување на Охридската Архиепископија како Македонска Правоскавна Црква. Според кажувањата на селените и археолошките испитувања се смета дека некогаш во селото имало 18-26 цркви. Многу од нив денес се наоѓаат во урнатини. Цркви кои се наоѓаат во селото Издеглавје се:

  • Црква “ Св.Димитриј”- таа е главна црква, потекнува од 20 век, околу кој се наоѓаат и селските гробишта.
  • Црква “ Св.Софија” – изградена во 2001 година, а осветена во 2005.
  • Црква “ Св. Никола”- таа е помала црква.

Како и од другите села така и од селото Издеглавје има иселеници и тоа: Од фамилијата Шулевци има во САД, од Коњаровци исто така има во САД, и Вељановци кои се иселени во Охрид во 1870 година.

 

Злести

Злести

Злести e село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.

Злести се граничи со 5 други села: на исток со Белчишта, општинско средиште на Општина Дебрца, на запад со селото Ботун, на југозапад со Мешеишта, на југоисток со Куратица, а на југ со Сирула.

Од градот Охрид оддалечено е 22 километри. Од регионалниот пат Охрид-Кичево оддалечено е 3 километри.

Од јужната и западната страна е опкружено со планини кои се богати претежно со дабова и иглолисна шума во помали количини, а во помал обем и букова шума.

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Белчишта.Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото припаѓало на некогашната Општина Белчишта.Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Злести, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Злести се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно Средоречие, Долно Средоречие и Злести.

Во 19 век Злести се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебарца, во Отоманското Царство.

Од северната и источната страна на селото се простира голема низина која е погодна за одгледување на житарици. Од другите земјоделски култури во помали количини се одгледува пченка, грав, компир, пиперки и други градинарски култури.

Според некои податоци од 1900 година, во селото Злести имало 530 жители, сите Македонци христијани, во 1905 година во Злести имало 520 жители.Во 1953 г. Има 721 жител,но подоцна бројот на жителите се намалува и во 1994 г. има 333.Според последниот попис на населението на Македонија, селото има 294 жители.

Селото Злести од секогаш па до денес во целост е населено со Македонци од православна христијанска вероисповед, а во него има зачувано и живеат голем број на старинечки (староседелски) родови.

Старинечки родови се: Миленковци , РампевциПоповциШирговци , НеделковциСтепановциЃоршевциЃоревциКолевциПашовци и Беговци. Слава на сите овие родови е Свети Никола. Родовите Колевци, Ѓоревци и Ѓоршевци потекнуваат од тројца браќа. Родовите Рампевци и Поповци потекнуваат од ист предок, а исто така и родовите Ширговци и Беговци потекнуваат од ист предок. Доселени родови се: Локовци (слават Петковден) од с. Локов во Малесија- Струшко и Јолевци  чие што место на старина е непознато.

Според истражувањa во 1948 година, родови во Злести Лактиње се:

Староседелци: ШирговциМиленковци со ПашовциЃоршовци и Рамбевци.

Со непознато потекло се: Танасковци.

Доселеници со познато потекло се: Јолевци -доселени се во 1860 година од селото Велмеј; Локовци – доселени се во исто време кога и Јолевци, доселени се од селото Локов, Малесија. Од каде избегале поради тоа што убиле некој Турчин.

Роми: Демиш Усеин, доселени се во 1946 година од селото Брежани.

Селото Злести како општествена установа го имаат основното училиште „Дебрца“ до V одделение, подрачно училиште на ОУ „Дебрца“ – Белчишта.

Цркви во с. Злести се :

Новоизградената манастирска црква „Рождество на Пресвета Богородица“ и остатоците на средновековната црква „Св. Богородица“

Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“ со камбанаријата и селските гробишта околу нејзе

Археолошки локалитети]

Градиште — населба од бронзено време;

Св. Богородица Пречиста – Раштани — старохристијанска базилика и средновековна црква со некропола;

Св. Никола — средновековна црква со некропола;

Страишта — утврдена населба од железно време.

Селска слава во с.Злести е Ѓурѓовден (6ти Мај).

Од спортот доста е развиен фудбалот, при што има фубалски клуб ФК Злести кој игра во Охридската општинска лига. ФК Злести има свој стадион „Горни-Лаг“ каде ги изигрува своите натпревари. Во изградба е новиот полигон за мал фудбал и други спортови (ракомет, кошарка, одбојка) во склоп на подрачното основно училиште.

Во Злести секое лето се одржува традиционален турнир во мал фудбал.

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1948: од Ширговци иселеници има во САД и во Охрид ,од Миленковци иселеници има во Струга; од Ѓоршовци иселеници има во Охрид; од Рамбевци иселеници има во Струга; од Танасковци иселеници има во САД.

Родот Далчевци е иселен во селото Рудник, велешко во 1918 година, во Злести припаѓале на некој род.

 

Горно Средоречие

Горно Средоречие

Горно Средоречие е село во Општина Дебрца, во областа на Дебрца, во околината на Охрид. Во 19 век селото се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца , во Отоманското Царство, на 2,5 километри од општинското седиште Белчишта, во областа Дебрца на надморска висина од 770 метри. Во близина е археолошкото наоѓалиште Зластрана од неолитскиот период. Околни села се Лешани на југоисток, Велмеј на исток, Оздолени на север, Сошани на североисток, и Белчишта на запад.

Според податоци во 1900 година, во селото имало 100 жители сите Македонци христијани, а во 1905 година Горно Средоречие имало 56 жители. 1948 година е годината кога во селото бројот на жители бил 175, во 1953 година повторен пораст на наталитетот 297 жители, а веќе во 1961 година бројот на жители е 161,  десет години подоцна во 1971 бројот на жители бил 140, во 1981 година 80 жители, 1991 година 59 жители. Бројот на жители се намалувал сеуште, па така во 1994 година бил 38 жители, за да во 2001 година достигне бројка од 14 жители.

Горно Средоречие е македонско православно село, младо по постанок и настанато во средината на XIX век. Родовите во селото се делата на родови кои се доселени до крајот на турското владеење, и родови доселени после тоа.

  • Родови доселени до крајот на турското владеење: Иљовци, доселени од село Белчишта, Ушковци доселени исто така од Белчишта, а некое време живееле во Грко Поле, Настовци и Наумовци доселени од Белчишта, и Стефановци се доселеници со непозната старина.
  • Родови доселени после 1912 година: Марковци, Миленковци, и Божиновци доселени од селото Брежани, Настевци и Савевци доселени од селото Ботун, Дојчиновци доселени се од селото Слатино, и Настовци доселени се од селото Куратица.

Според истражувања во 1948 година, родови во селото Горно Средоречие се:

  • Јанковци доселени се околу 1850 година од селото Белчишта, Ушковци доселени се од Грко Поле, Опеловци или Ефтимовци доселени се 1908 година од Долно Средоречие, Трајковци или Настовци доселени 1913 година од селото Ботун, Лаловци доселени 1913 од селото Брежани, Кулевци или Бутевци доселени се 1914 година од Белчишта, Спировци или Богојовци доселени се во 1918 година исто така доселени од Брежани, Савевци доселени од Ботун, Божиновци доселени од Брежани, Настовци доселени од село Куретица, Слатинци или Размовци доселени 1925 година од Слатино и Дојчиновци доселени во 1928 година од селото Белчишта.
  • Роми: Демировци доселени се во 1945 година од селото Белчишта како ковачи.

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта. Во периодот од 1950-1952 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно и Долно Средоречие и Злести. Од 1952-1955 година, селото било дел од тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Горно Средоречие,  се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани, и Црвена Вода. Во периодот од 1955-1965 година селото се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, а во периодот од 1965-1996година, во рамките на големата Општина Охрид.

Во селото Горно Средоречие се наоѓа црквата Св. Богородица која е изградена во 1936 година.

Како и од многу други села па така и од Горно Средоречие жителите се иселувале, па така до 1948 година се знае за следниве иселеници: Јанковци-има иселеници во Јужна Америка и Австрија, од Ушковци и Кулевци има иселеници во Јужна Америка.

 

Долно Средоречие

Долно Средоречие

Долно Средоречие е село во Општина Дебрца, во околината на градот Охрид. Околни села се Грко Поле на запад, Горно Средоречие на север, Злести на југозапад, Лешани на југоисток, и Белчишта на запад.

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебарца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото дел од тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Долно Средоречие, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Белчишта се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно Средоречие, Долно Средоречие и Злести.

Во 19 век, Долно Средоречие се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебарца, во Отоманското Царство.

Според некои истражувања во 1900 г. село Долно Средоречие броело 72 жители, сите Македонци христијани.Во 1905 г. Имало 32 жители.

Во 1953 и 1961 година, бројот на жители во селото бил пресметан во вкупното население на блиското село Горно Средоречие.

Според последниот попис на населението на Македонија, селото има 57 жители.

Долно Средоречие е македонско православно село. Селото е младо по постанок, настанато е средината на XIX век кога е настанато и Горно Средоречие.

Долно Средоречие е македонско православно село. Селото е младо по постанок, настанато е средината на XIX век кога е настанато и Горно Средоречие.

Родови во селото се: Цељковци и Циљкановци – овие два рода се доселени од селото Белчишта; Ботунци или Мацевци -доселени се од селото Ботун, таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло имаат од градот Закамен во Струшка Малесија.

Според истражувања во 1948 година, родови во селото Долно Средоречие се:

  • Староседелци: Циљкановци или Ѓулевци– по преданието тие живееле во атарот на селото, но кога Турците го претвориле селото во чифлик, се иселиле, од каде Циљковци се иселиле во Белчиштамоколу 1840 година, па околу 1890 година се вратиле во Долно Средоречие.
  • Доселеници: Цељковци или Чакулевци-доселени се во 1895 година од селото Горно Средоречие, а таму се доселиле од Издеглавје; Рајчиновци или Петковци– доселени се во 1916 година од селото Белчишта, таму припаѓале на истоимениот род; Мацевци – доселени се во 1919 година од селото Ботун, каде припаѓале на истоимениот род.

Во село Долно Средоречие има црква „Св. Богородица“, која е  изградена во 1936 година.

Познато е дека од село Долно Средоречие има иселеници во Охрид, од фамилијата Чакулевци.

Грко Поле

Грко Поле

Грко Поле е  село на Општина Дебарца, во областа Дебарца, во околината на градот Охрид. Селото Грко Поле се наоѓа во областа Дебарца. Околни села се Велмеј на северозапад, Лешани на југ, и Горно и Долно Средоречие на запад.

Во 19 век, Грко Поле се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебарца, во Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебарца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Грко Поле, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Грко Поле се наоѓало во некогашната Општина Велмеј, во која влегувале селата Брежани, Велмеј, Грко Поле и Лешани.

Според некои податоци во 1900 г., селото Грко Поле имало 20 жители, сите Македонци христијани. Во 1905 имало 48 жители , а во 1971 имало 63 жители.Според последниот попис селото брои 30 жители.

Грко Поле е македонско православно село. Селото е младо по постанок, основано е средината на XIX век од грчкиот род Маргаритовци, кои живееле во Охрид. Тие на лето живееле во селото додека зиме биле во Охрид. Потоа со селото завладеале Турци, тие ја купиле земјата и потоа се населиле македонски родови кои работеле за нив. Најстари родови во селото се Сошанковци и Џукаровци, пред крај на турското владеење се населиле и Малесорци.

Родови во Грко Поле се: Сошанковци – доселени се средината на XIX век од селото Сошани, каде биле старинци; Џукаровци – доселени во исто време со Сошанковци, доселени се од селото Белчишта, таму биле старинци и Малесорци (3 к.), доселени се 1909 година од селото Присовјани, Малесија.

Според истражувања во 1948 година, родови во селото Грко Поле се:

Лукачовци – доселени се околу 1870 година од селото Белчишта, каде имаат истоимени роднини, уште подалечно потекло имаат од селото Луково, Дримкол; Крстевци -доселени се во 1898 година од селото Долно Средоречие, а таму се доселиле од селото Сошани (затоа ги викаат и Сошанковци) во Сошани припаѓале на родовите Иловци и Андревци; Ристовци, доселени се во 1913 година од селото Присовјани, Малесија, каде припаѓале на родот Грковци, ги викаат и Малесорци.

Во селото Грко Поле е Црква „Св. Ѓорѓи“ која е  главна селска црква изградена 1935 година. Црквата се наоѓа на рид кој се издига североисточно од селото. Познато е дека црквата ја граделе членови на родот Лазоровци од Малесија, кои по името на областа од којашто потекнуваат ги нарекуваат и Малесорци.

 

 

Горенци

Горенци

Горенци е село во Општина Дебрца, се наоѓа во Струшко Поле на 13 км северозападно од Охрид. Според некои податоци во 1948 година вкупниот број на жители е 466 жители, во 1953 тој број изнесувал 512 жители, а од 1961 година бројот на жители се зголемил на 589, за да десет години подоцна во 1971 година е 605 жители.Во 1981 година селото брои 610 жители, во 1991 година 485, а веќе во 1994 година бројот на жители се намалува и изнесува 369 жители, а веќе во 2002 година бројот на жители опаднал на 316.

Селото Горенци е мешано македонско православно и албанско муслиманско, настанато е во почетокот на 19 век.

Во селото постојат два вида на родови:

Македонски родови: Ситниковци се најстар род во селото, Ивановци доселени се од селото Волино, Петревци, Чолевци доселени од селото Куратица, Николовци и Андреевци доселени се од дебрчкото село Велмеј, Скокљевци, Мицковци, Климовци, Тодоровци, Блажевци, Стојчевци и Крстановци.

  • Албански родови: Бајрамовци, Бељуљовци, Мустафовци, Биба доселени се од селото Поум, Дервишовци, Исе доселени се од селото Мислодежда и Бургад доселени се од охридското село Велестово.

Во селото Горенци има и Основно училиште “Дебрца” до V одделение, кое е подрачно училиште на ОУ “Дебрца” Белчишта.