Select Page
Завршува чистењето на дивата депонија кај Царо Поле

Завршува чистењето на дивата депонија кај Царо Поле

Завршуваме со чистење на најголемата депонија во општина Дебрца, просторот во м.в.”Царo Поле”, помеѓу патниот правец село Ново Село – село Белчишта и течението на реката Сатеска, кај село Ново Село. Простор на околу 8 хектари, со години деградиран со најразличен вид на отпад ( комунален, инертен и градежен шут ).

До сите граѓани апелирам да се воздржат од активности со кои ќе продолжи загадувањето на овој и сите други простори кои ќе бидат исчистени во наредниот период.

Ќе воведеме засилен инспекциски надзор и крајно против сите прекршители ќе преземеме со закон пропишани санкции.

Дебрца мора да остане чиста и незагадена, со заштитено природно наследство.

ОУ Дебрца доби донација од 150 м3 дрво за огрев

ОУ Дебрца доби донација од 150 м3 дрво за огрев

Врз основа на договорот кој општина Дебрца го склучи со Јавното претпријатие за државни патишта на општината и се отстапени на располагање околу 300 метри кубни огревно дрво, кое се наоѓа покрај делницата на Автопатот А2 во изградба.

Општината има обврска да изврши сечење, дотур и транспорт на донираното огревно дрво.

Со работна сила од Јавното комунално претпријатие и ангажирани работници согласно годишната програма за јавни работи досега се обработени околу 150 метри кубни и огревното дрво е транспортирано за потребите на Основното училиште.

Со донираното огревно дрво се обезбедуваат количини за греење на Основното училиште за најмалку две учебни години, со што се заштедуваат околу 600.000 денари.

Заштедените средства со Буџетот на општина Дебрца за 2020 година ќе се пренаменат за инсталирање на централно греење во зградата на училиштето во село Оровник.

Тековна реализација на реализирани градежни зафати

Тековна реализација на реализирани градежни зафати

Во изминатиот период градежната механизација на општината и јавното комунално претпријатие секојдневно е на терен и во оваа прилика ќе потенцирам повеќе, од интерес на граѓаните, завршени активности :

– во село Белчишта, чистење на одводен канал во место викано “Чунејнца”, во должина од околу 400 метри, чистење на речното корито на Голема Река, на делниците: Манастир “Св.Атанасије” – Д.Средорече ( околу 400 метри ) и Манастир “Св.Атанасије”-селска воденица ( 500 метри ), пробивање на пристапен пат и чистење на простор кај Црква “Св.Јован” ( во изградба );

– во село Оровник, чистење и уредување на речно корито, кај новоуредениот простор во селото;

– во село Оздолени, ископ и затрпување на канал за поставување на црево за водоснабдување;

– во село Мешеишта,чистење на дива депонија во “Копрнички Дол” ;

– во село Климештани, чистење на простор кај црква “Св.Климент Охридски”;

– -во село Сливово, чистење на простор во дворно место на црква Св.”Варвара”;

– во село Црвена Вода, чистење и уредување на простор во центар на селото;

– во село Горенци, ископ и затрпување на канал за поставување на црево за водоснабдување на црква “Св.Атанасије” ( околу 350 метри );

– во село Лешани,чистење на дива депонија;
– во село Злести,чистење на дива депонија.

Големина на Фонт
Контраст