Select Page
Започна санацијата на колекторскиот систем на Охридското езеро

Започна санацијата на колекторскиот систем на Охридското езеро

Денес во Охрид градоначалникот  Зоран  Ногачески присуствуваше на пригодната свеченост, со која беше означен почетокот на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро.

Со санацијата на Колекторскиот систем се исполнува една од најважните препораки на Комитетот за заштита на светско културно и природно наследство на УНЕСКО и претставува значаен чекор во заложбите за зачувување на статусот на светско природно наследство кој го поседува овој регион.

Санацијата на Колекторскиот систем е од особено значање и за граѓаните на Дебрца, бидејќи изградените фекалните канализации во село Мешеишта, село Горенци, село Оровник, фекалната канализација во село Волино, која е во изградба и фекалните канализации кои треба да ги изградиме во наредниот период за селата Климештани и Требеништа како рецепиент ( ќе ) го користат Колекторскиот систем.

Предлог буџет на општина Дебрца за 2020

Предлог буџет на општина Дебрца за 2020

Предлог Буџетот на Општина Дебрца за 2020 година ги содржи планираните приходи на Буџетот за 2020 година и планираните проекти за реализација од Буџетот во 2020 година.

Имајќи предвид дека буџетирањето е двонасочен процес (за и од граѓаните), применет е партиципативниот принцип на буџетирање при поставување на приоритетите на локалната заедница.

Предлози и сугестии може да се поднесуваат на e-mail адресата contact@debrca.gov.mk и  belcista@t.mk

Предлог Буџет на Општина Дебрца за 2020 год.

Предлог Буџет на Општина Дебрца за 2020 год.

Промоција на резултатите и сознанијата од Проектот: “Требенишко Кале, село Требеништа, истражување 2019

Промоција на резултатите и сознанијата од Проектот: “Требенишко Кале, село Требеништа, истражување 2019

Покана до медиумите и заинтересираната јавност

Настан : Промоција на резултатите и сознанијата од Проектот: “Требенишко Кале, село Требеништа, истражување 2019”.

Организатор и подржувач: Општина Дебрца

Реализатор: Филозофски факултет Скопје

Време и место: 24 Декември 2019 година, 12.30 часот, сала за седници на советот на општина Дебрца, село Белчишта

На настанот ќе присуствуваат: градоначалникот на општина Дебрца, Деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Ацо Костов и раководителот на истражувачкиот тим, проф. Др. Виктор Лилчиќ Адамс.

Археолошкиот локалитет “Требенишко Кале” беше истражуван оваа година со методот на рекогносцирање од страна на стручен тим од Филозофскиот факултет во Скопје, со финансиска поддршка на општина Дебрца.

Беа истражувани одбранбените ѕидови на древниот град, површините од ѕидовите, како и надвор од ѕидовите по околните падини.

По истражувањата беа добиени доволно резултати преку кои може да се согледа егзистенцијалниот континуитет на градот, неговата максимална површина во раната и доцната антика.

Меѓутоа, успеа да се навлезе и во трагата на неговата идентификација со еден средновековен град, споменат во еден средновековен извор.

Тоа е град по чија местоположба истражуваа и трагаа македонските историчари и археолози повеќе од половина век.

За тоа повеќе информации на настанот.