Select Page
Градоначалникот Ногачески присуствуваше на одбележувањето на 3-ти Декември,Светскиот ден на лицата со посебни потреби

Градоначалникот Ногачески присуствуваше на одбележувањето на 3-ти Декември,Светскиот ден на лицата со посебни потреби

Денес градоначалникот Ногачески беше гостин на Здружението на лицата со инвалидитет за општините Охрид и Дебрца “Мобилност” и Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите Охрид, а по повод одбележувањето на 3 Декември-Светскиот ден на лицата со посебни потреби.
Во своето обраќање истакна дека не само денес, туку секој ден треба да им го посветуваме на овие лица и да обезбедиме нивна целосна инклузија во општеството.

Меѓу нив има личности со извонредни интелектуални, уметнички, креативни, спортски и други натпросечни способности и затоа на нив сосема заслужено им прилега името – лица со посебни способности.

Како општина и во изминатиот период и во иднина ќе преземаме повеќе мерки за подобрување на нивната општествена положба ( финансиска поддршка на програмските активности на нивните здруженија, олеснет пристап до јавните институции, поддршка за еднодневни излети и други активности на кои сме обврзани и со меѓународните документи и со националното законодавство).
Традиционално и оваа година Денот се одбележа со спортските игри, а мене и оваа година ми припадна честа и особеното задоволство да ги поделам наградите на најдобрите учесници на игрите. – изјави  Ногачески по доделувањето на наградите.

Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2019/2020 година

Потребните документи можете да ги спуштите на следниот ЛИНК