Dec 13, 2019
Вчера градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески ги прими учениците и наставниците од О.У.Дебрца кои реализираа посета во Бургос, Шпанија во рамките на проект од Еразмус + програмата.
Моите гости ме информираа за импресиите кои ги носат од посетата на Шпанија, а јас им ветив дека и во наредната година ќе ги поддржуваме сите активности на Основното училиште.- изјави градоначалникот Ногачески по спредбата

Dec 13, 2019
Вчера во општина Дебрца се одржа инфо сесија за ЕУ ИПА 2020 проекти, на која консултанти ангажирани од Делегацијата на ЕУ во Македонија ја презентираа новата Програма на ЕУ ИПА 2020 година, за чии грантови со свои проекти ќе можат да аплицираат општините.
Акцентот на програмата е ставен на поддршка на иновативни проекти, со поединечна вредност до 500.000 евра.
На вчерашната сесија претставниците на општината, членовите на советот на општината, општинските установи, месните заедници, бизнис секторот и невладините организации можеа да се запознаат со новата програма и да разменат мислења и првични размисли за идни проекти на општината.
Општина Дебрца моментално имплементира два проекти , во рамките на Програмата на ЕУ за прекугранична соработка (со Грција и Албанија), а се надевам дека во наредниве шест месеци ќе разработиме иновативна идеја, ќе подготвиме добра апликација и добиеме нов грант од ЕУ ИПА фондовите
.