Select Page
Градоначалникот Ногачески панел дискутант на Конференцијата „ЕУ за општините“

Градоначалникот Ногачески панел дискутант на Конференцијата „ЕУ за општините“

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески во среда (23.03.2022 год.) како панел дискутант ќе учествува на Конференцијата насловена „ЕУ за општините“, која е заеднички настан на програмите финансирани од ЕУ „ЕУ за општините“ и „Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија“.

На овој хибриден настан ќе бидат презентирани проектите поддржани во рамките на двете програми финансирани од Европската Унија.

Покрај поздравните говори, предвидено е и формално потпишување на договорите за кофинансирање и поддршка на општините, две панел дискусии, како и работилница за оперативните/административните барања и барањата за видливост.

Градоначалникот Ногачески заедно со Г-дин Гоце Толески, раководител на Заедничкиот технички секретаријат на Програмата за прекугранична соработка на ИПА Северна Македонија – Албанија, Г-ѓа Ана-Марија Маџар, член на советот на округот Чонград меѓе (Csongrád Megye), известувач на Комитетот на регионите за Пакетот за проширување на ЕК до 2022 и Г-дин Пали Колефски, градоначалник на општина Пустец ќе дискутираат на тема “Прекуграничните предизвици на локалните власти и изгледите за повик за предлози во рамките на ИПА III.”

Главната цел на настанот е промоција на проектите поддржани преку програмите финансирани од ЕУ „ЕУ за општините“ и „Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија“, како и отпочнување на првата од тематските мрежи за дигитализација.

Сите сесии ќе се одржуваат во хибриден формат, ќе бидат пренесувани преку зум, како и на социјалните медиуми.

• За онлајн присуство на конференцијата, можете да се регистрирајте се на следниот линк https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_vdCX00qSQUmiUpMUUDaKOQ

Во прилог целосната агенда на настанот:

Јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за обнова на сливот на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито

Јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за обнова на сливот на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито

На Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за обнова на сливот на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, KO Волино, Општина Дебрца, со тех. бр. ПРР 049-07-21 УП од Февруари/2022 год., изработен од Градежен Инстирут МАКЕДОНИЈА АД – Скопје, ќе трае 15 во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Дебрца https://www.debrca.gov.mk и на информацискиот систем е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 11.04.2022 год. до 27.04.2022 год., за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден  од 7:30 до 15:30 часот во просториите на Општина Дебрца, Одделение за урбанизам,   комунални и јавни дејности, заштита на животната средина и локален економски развој.

Јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за обнова на сливот на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито

Општина Дебрца дел од проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите

Општина Дебрца дел од проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите

Денес, на 6 април 2022 година, Агенцијата на САД за меѓународен развој USAID North Macedonia (УСАИД) ја објави втората група од новите партнер- општини на Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

По тој повод градоначалникот Зоран Ногачески во име на општина Дебрца како една од дваесет и четирите општини – партнери потпиша Меморандум за соработка со кој се обврзавме за подобрување на квалитетот на даночните системи, зајакнување на оперативниот капацитет на даночната администрација и подобрување на способностите на локалните власти за планирање, управување и спроведување на јавните средства.
Покрај тоа, настанот опфати презентации за Извештајот за клучните предизвици и препораки за подобрување на процесот на буџетирање и Извештајот за меѓувладините капитални трансфери до единиците на локалната самоуправа.

Дебрца го доби првиот откупен пункт за земјоделски производи

Дебрца го доби првиот откупен пункт за земјоделски производи

Денес со потпишување на договорот помеѓу општина Дебрца и фирмата Али Фреш Фруит ДОО и официјално се отвори првиот откупен пункт за земјоделски производи/овошје во општина Дебрца.

Откупниот пункт ќе биде лоциран во село Требеништа, во големата сала на селскиот Задружен дом. Пред потпишувањето на договорот, за јавниот простор се спроведе постапка за јавно наддавање и издавање под закуп на деловниот простор за период од 15 години.

Според договорот, закупувачот е должен да инвестира во реконструкцијата и адаптацијата на деловниот простор согласно намената и инвестиционата програма.

Со оваа постапка правиме еден голем исчекор напред кон подобрување на квалитетот на услугите при откупот на земјоделските производи и промоција на производството во општина Дебрца, со што се отвораат и нови можности за иднини инвеститори.

Многу успех!