Sep 15, 2023
Општина Дебрца ги известува жителите на село Волино дека согласно Договор за заем на Република Македонија и Светска Банка, Проектот за поврзување на локални патишта , Под – проектот Реконструкција на линиски објекти – улица во с. Волино, општина Дебрца дека од 20.09.2023 година до 31.12.2023 година ќе се изведуваат градежни работи на улицата од мостот на патот Требеништа-Волино во правец на селскиот поштад и во правец на локалниот пат за село Мешеишта работите ќе се изведуваат фазно, при што во период од 8:00 до 16:00 часот во одредени интервали може да биде во прекин сообраќајот.
Се замолува жителите на село Волино како и учесниците во сообраќајот во наредниот период да се користат Алтернативните улици како и да ги почитуваат сообраќајните знаци од одобрениот времен режим на сообраќај.
Општина Дебрца
ГРАДОНАЧАЛНИК
Зоран Ногачески
Sep 12, 2023
Деновиве започна изградбата на Парк во село Требеништа, со детско игралиште во склоп на спортскиот полигон кој ќе биде во функција за забава на најмладите жители и родители на Требеништа, како и околните села кои гравитираат во тој дел. Изградбата на овој Парк ќе доприенесе за подобрување на социјалната свера на делување во заедницата, го подобрува соцо-економскиот аспек ја подобрува комуналната свера, го подбрува квалитетот на испорачување на услугите кон ѓраѓаните, ја потикнува спортската активност кај најмладите и начините за водење на здрав живот и нај важната активност е запирање на трендот на иселување село-град односно уредување на руралните центри на ниво европските рурални центри.
Со зафатот за уредување на овој простор се предвидува изградба на пешачки патеки, осветлување, изградба на детско игралиште со поставување на детски реквизити играчки: вртелешка, играчка на федер, двојна клацкалка, двојна нишалка, единечна клацкалка, голем тобоган, единечна кула, спирален тобоган, мултифункционална куќичка како и поставување на урбана опрема клупи и корпи за отпадоци, хотикултурно уредување, со што би се уредил моменатлно запуштениот простор кој воедно и го нарушува изгледот и на околните објекти како и спорската сала во непостредна близина, при што по уредувањето би се добил современ изглед на целокупниот спортски простор како и би се подобрила можноста за социjално дружење на децата и родителите.
Средствата за изградба се обезбедени од страна на проектот за ,,Зајакнување на општинските совети”- Фаза 2 кој е финасиран од страна на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП)
Со вкупна сума од 2.605,212 мкд од кои 1.953.909,00 мкд средства одобрени од страна на УНДП и 651.303,00 мкд обезбедни од буџет на општина Дебрца .

Sep 11, 2023
Телото за управување со IPARD при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, започнува со организирање на промотивна кампања со цел започнување и доближување на можностите за користење на средствата од IPARD програмата со потенцијалните корисници. Со оглед на фактот, дека IPARD Програмата има голем опфат, во сите економски гранки преку трите акредитирани мерки кои ќе бидат презентирани на овој настан се следни:
- Мерка 1 :Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства (инвестиции во изградба на фарми, набавка на трактори и земјоделска механизација, инвестиции во преработка на сопствено земјоделско производство, подигање на нови насади).
- Мерка 3 : Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи( изградба на преработувачки капацитети- млекари, кланични капацитети, мелнички капацитети, производство на месни производи, винарии, преработка на овошје и зеленчук – опремување со машини и опрема за истите и сл).
- Мерка 7: Диверзификација на фарми и развој на бизниси во рурални средини ( поддршка на сите производни капацитети, од сите дејности, кои се лоцирани во рурални средини)
На презентацијата ќе присуствуваат претставници на Телото за управување со IPARD и претставници на Агенцијата за Финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој.
Настанот во Општина Дебрца ќе се реализира на ден 13.09.2023 година (Среда) со почеток во 11:00 часот во салата за совет на Општина Дебрца.
Sep 8, 2023
По повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, во која се вели:
Дозволете ми да Ви го честитам 8-ми септември, Денот на независноста, со желби за мирна и просперитетна иднина на сите граѓани.
На овој голем ден, пред точно 32 години на 8-ми септември 1991 година, граѓаните на Република Македонија на референдум јасно и недвосмислено ја изразија својата определба за независна, самостојна и суверена Република Македонија. Од тогаш Македонија гордо чекори по патот на независноста, самостојноста и сувереноста но надоградуваќи се и со меѓународните интеграции.
Денот на независноста e во колективаната меморија на Македонскиот народ како нераскинлив дел од сите нас за исполнување и продолжување на сонот и желбата на нашите предци за слободна, самостојна, суверена и независна Република Македонија.
Ја користам оваа прилика во мое лично име и името на вработените во општина Дебрца уште еднаш да ги повторам моите искрени желби за мир, стабилност, економски просперитет и општа благосостојба на сите граѓани и воедно Ви посакувам пријатно празнично расположение.
И нека ни е честит и вековит Денот на независноста на Република Македонија !