Select Page
Советот на општината на 31-та седница едногласно ја усвои завршната сметка на буџетот на општина Дебрца за 2023 година.

Советот на општината на 31-та седница едногласно ја усвои завршната сметка на буџетот на општина Дебрца за 2023 година.

Во делот на приходите биле планирани 126.520.050 ,00 денари, а остварени се 144.543.499,00 денари или процент на остварување од 114 %.

Во делот на расходите биле планирани 126.520.050 ,00 денари, а направени се 114.077.791,00 денари или процент на остварување од 90 %.

Во делот на капиталните расходи / инвестиции од планираните 30.030.722 ,00 денари, рализирани се 23.491.645,00 денари или процент на остварување од 78 %.

Капиталните инвестиции  се поголеми, бидејќи дел од инвестициите по поднесени апликации од општината директно се финансираат од националните програми, преку централниот буџет.

Салдото на буџетската сметка на 31.12.2023 изнесува 38.356.474,00 денари.

Салдото на доспеани, неплатени обврски на општината на 31.12.2023 изнесува 5.448.063,00 денари.

Трошоци за репрезентација на градоначалникот – нула денари

Трошоци за дневници за службени патувања на градоначалникот – нула денари

Повеќе детали  за завршната сметка на следниот линк:

https://debrca.gov.mk/wp-content/uploads/2024/03/2023.pdf