Jul 15, 2024
Заврши санацијата на спортскиот полигон во село Оровник, Извршена е санација на заштитните огради од сите страни, поставено е ново рефлекторско осветлување, а ќе бидат набавени и две кошаркарски табли, со обрачи.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Jul 11, 2024
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка , Општина Дебрца го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 16.07.2024 год. (вторник) ќе спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на возрасни комарци.
Запрашувањето ќе се врши во период од 20.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Општина Дебрца 046-286-855
Jul 4, 2024
Во село Сошани започнаа активности за тампонирање на патот од центарот на селото до црквата “Св Никола Талалеј”, во должина од околу 1 км.
Тампонирањето го врши фирмата “Бис” Охрид,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Jul 4, 2024
Започна со реализација уште еден инфраструктурен проект-реконструкција на административната зграда на општината во село Белчишта /втора фаза.
Целосно ќе биде реконструирана големата сала,приземјето,санитарните чворови и административните простории,електричната и инсталацијата за информатичка технологија,како и надворешната фасада од две страни.
Вкупната вредност на проектот изнесува околу 5 милиони денари,а проектот се имплементира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Програма за регионален рамномерен развој за 2024 година.
Jul 2, 2024
Во село Злести завршен е проектот за уредување на дел од централното селско подрачје.
На местото од руината на дел од селскиот дом изграден е модерен мултифункционален спортски полигон.
Извршена е санација на споменикот во центарот на селото.
Вкупната вредност на работите изнесуваше 3.998.672 денари,од кои 2.500.000 ги обезбеди Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а 1.498.672 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.