Select Page
Објавен извештајот за активна транспарентност на  јавни институции за 2024 година Општина Дебрца на листа со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %)

Објавен извештајот за активна транспарентност на јавни институции за 2024 година Општина Дебрца на листа со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %)

Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот за активна транспарентност на  јавни институции за 2024 година.

Активната транспарентност на општина Дебрца во 2024 година изнесува 94,2 % (од можни 100 %) со што општината се наоѓа во групата институции со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %). Со овие бодови, општината се наоѓа на 18-та позиција од вкупно 98 рангирани институции. На ниво на Југозападен регион Општина Дебрца од трето место се искачи на второто  со што општината континуирано ја подобрува својата активна транспарентност од 2017 година наваму, достигнувајќи ја највисоката позиција токму во 2024 година.

https://www.aktivnatransparentnost.mk/opshtini.html?opstina=debrca&fbclid=IwAR0TWhTTNS_q1Tr9IUa5KI1U-xsLHV1_fHApUZXfUiXfkDNUQPDrSXTE3ys

 

И во наредниод период ќе продолжиме со активности за подобрување на транспарентност на  јавните институции под надлежност на општината и транспарентноста  на работењето на самата општина.

Остварена  работна средба со почесениот  конзул на Македонија во Перт,Австралија Г-дин Зоран Ќосески

Остварена работна средба со почесениот конзул на Македонија во Перт,Австралија Г-дин Зоран Ќосески

Денес во општина Дебрца се оствари средба на Градоначалникот Зоран Ногачески со Г- дин Зоран Ќосески,почесен конзул на Македонија во Перт,Австралија.

Г динот Ќосески на повеќе пати организира македонски бизнисмени во Австралија,преку кои се даваат донации за општината,особено за учениците од ,,ООУ Дебрца”.

Конзулот потсети и на можноста да се користат и некои мали грантови кои ги дава Австралиската влада.

Од страна на Градоначалникот е изразена благодарност за поддршката која се дава на Општина Дебрца.

 

Со ревијален натпревар и сечење на лента пуштен во употреба новиот мултифункционален спортски полигон во село Злести

Со ревијален натпревар и сечење на лента пуштен во употреба новиот мултифункционален спортски полигон во село Злести

Во село Злести, со пригодна свеченост, во организација на гостопримливите злестовци,со ревијален натпревар и сечење на лента се пушти во употреба новиот мултифункционален спортски полигон,изграден во центарот на селото на местото од руината на дел од селскиот дом.

Вкупната вредност на работите изнесуваше 3.998.672 денари,од кои 2.500.000 ги обезбеди Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а 1.498.672 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.

 

Нека е аирлија и со здравје да се користи,исполнет со поголем број на дечиња и секако за рекреација и на повозрасните.

 

 

Положено цвеќе пред Спомен обележјата од Илинденското востание и НОБ во село Лактиње

Положено цвеќе пред Спомен обележјата од Илинденското востание и НОБ во село Лактиње

Во чест на празникот Илинден во село Лактиње, претставници на Општина Дебрца, членови на советот на општина Дебрца како и  претставници на Месната заедница, политички партии и граѓани положија цвеќе и се поклонија пред Спомен обележјата од Илинденското востание и од НОБ.

 

Нека ни е честит празникот!

 

Илинденска честитка од градоначалникот Ногачески

Илинденска честитка од градоначалникот Ногачески

Денеска го празнуваме денот на Илинденското востание и Крушевската Република од 1903 година, како и вториот Илинден – Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија во 1944 година.

Илинден е симбол на вечниот стремеж за слобода и за самостојност на македонскиот народ, темел на нашата државност, потврда за нашиот идентитет, нашата историја, јазик и култура и постојан патоказ за нашата иднина.

Дебрца е нераскинливо втемелена и во двата Илиндена.

Нека ни е честит празникот!

Нека ни е вековита Македонската Република!