Select Page
Одржан новогодишен базар со креативни изработки, подготвени од учениците од ООУ ,,Дебрца”

Одржан новогодишен базар со креативни изработки, подготвени од учениците од ООУ ,,Дебрца”

Градоначалникот Златко Сиљаноски присуствуваше на предновогодишната приредба во централното училиште во с. Белчишта.
Во прекрасна празнична атмосфера, учениците и наставниците ни приредија исклучително убава и разиграна програма – со песна, рецитации, глума и многу детска радост.
Посебен впечаток остави и новогодишниот базар со креативни изработки, подготвени од учениците на предновогодишните работилници – доказ за нивната вредност, трудољубивост и талент.
Им благодарам на наставниците, учениците и родителите за поканата и топлиот пречек. На сите им посакувам многу здравје, радост и успех во Новата 2026 година! 🎉
Општина Дебрца секогаш ќе стои зад образованието и младите.
Пробиен патот до црквата „Св. Атанасиј“ во с. Лешани

Пробиен патот до црквата „Св. Атанасиј“ во с. Лешани

Пробиен е патот до црквата „Св. Атанасиј“ во с. Лешани со сопствена механизација на Општина Дебрца, овој пат беше долгогодишно барање на жителите на с. Лешани и значително ќе го олесни пристапот до црквата.

Нашата цел е рационално и домаќинско управување со буџетските средства, со што директно се заштедуваат средства на граѓаните.

Продолжуваме со посветена работа во интерес на сите населени места во општина Дебрца.

Исчистена крајпатна вегетација и наноси од земја до с. Годивје, с. Врбјани и с. Лактиње

Исчистена крајпатна вегетација и наноси од земја до с. Годивје, с. Врбјани и с. Лактиње

 Исчистена крајпатна вегетација и наноси од земја.
 Извршено е чистење на крајпатната вегетација и отстранување на наноси од земја кои го отежнуваа движењето.
 Активностите се реализирани на патните правци: од автопат до с. Годивје, с. Врбјани и с. Лактиње
 Со ова се подобрува прегледноста и безбедноста во сообраќајот.
 Утре продолжуваме со активности во селата: Арбиново, Сливово, Турје и Мраморец.
 Продолжуваме со редовно одржување и активности на терен низ целата општина.
Решен проблемот со фекалната канализација во с. Мешеишта.

Решен проблемот со фекалната канализација во с. Мешеишта.

Решен проблем со фекалната канализација во с. Мешеишта.
Исчистена и санирана канализацијата под мостот.
Отстранета е причината за непријатната миризба во изминатите денови.
Утре ќе се санира и патот на овој дел. Дупките ќе бидат времено пополнети со тампон, со цел полесно и побезбедно движење на граѓаните.
Во периодот што следи ќе продолжат активности, по што ќе следи и конечна санација со нов асфалт.
Изгласан Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година

Изгласан Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година

На денешната седница на Советот на Општина Дебрца, советниците го изгласаа Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година, со што се создаваат услови за непречено функционирање на општината и реализација на планираните активности и проекти.

Вкупниот проектиран буџет за 2026 година изнесува 202 милиони денари, од кои околу 88.146.663 милиони денари се предвидени за реализација на капитални и развојни проекти.

Буџетот е креиран со цел обезбедување финансиска стабилност и поддршка на приоритетните области, меѓу кои се: локалната инфраструктура, образованието, социјалната заштита, животната средина, спорт, култура и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Општина Дебрца ќе продолжи со одговорно и транспарентно управување со јавните финансии, во интерес на сите жители на општината.