Select Page
4-та седница на Советот на општината Дебрца

4-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 4-та седница на Советот на општината Дебрца

Ја свикувам 4та седница на Советот на општината Дебрца.  Седницата ќе се одржи на ден  10.12.2025 година (среда) , со почеток во 11.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2025 година

 

  • Советнички прашања

   

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Иван Стрезоски

 

Се уредуваат канали низ повеќе населени места во Општината

Се уредуваат канали низ повеќе населени места во Општината

Денес екипите се на терен – посветено и одговорно, затоа што грижата за нашата општина не познава викенд.
🌿 Се вршат активности за расчистување на каналите низ повеќе населени места, каде што со години наназад бујната вегетација го попречува протокот на водата и претставува потенцијален ризик за поплави и други проблеми.
🚜 Работните тимови интензивно сечат, расчистуваат и отстрануваат диворастечка вегетација со цел да воспоставиме нормален проток и подобрена хидротехничка инфраструктура.
🚯 Состојбата со дивите депонии е навистина лоша – ги има на повеќе локации, создаваат грда слика и директно влијаат врз животната средина и здравјето на граѓаните.
♻️ Затоа денеска се работи и на нивно отстранување, со јасна цел: да ставиме крај на ваквите појави и да воведеме ред, план и континуирано одржување.
🔧 Овие проблеми нема да се решат преку ноќ, но веќе ги правиме првите сериозни чекори и уверувам дека ова што денес го гледаме како „лоша глетка“ многу брзо ќе стане минато.
🤝 Ги повикувам сите граѓани да ни помогнат со одговорно однесување и поддршка на иницијативите за почиста и зелена Дебрца.
🌄 Заедно можеме да ја направиме Дебрца место какво што сите го заслужуваме – уредно, чисто и безбедно.
Започнавме со уредување на банкините покрај локалните патишта

Започнавме со уредување на банкините покрај локалните патишта

Денес започнавме со уредување на банкините кои со години претставуваа сериозна опасност за безбедноста во сообраќајот.
➡️ Паралелно се работи и на проширување на коловозот, со што значително ќе се подобри прегледноста и протокот на возила.
🕒 Оваа акција, која за прв пат се реализира по повеќе од 30 години, е уште еден чекор кон побезбедни и поквалитетни патишта во сите населени места.
💪 Продолжуваме посветено – по сите населени места, со конкретни дела за подобра инфраструктура и побезбедно секојдневие за сите граѓани.
ВКЛУЧИ СЕ– КРЕИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ЗА 2026

ВКЛУЧИ СЕ– КРЕИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ЗА 2026

Почитувани граѓани,

 

Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2026 година.

Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет.

Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст.

Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.

Во рамките на процесот ќе бидат одржани и посети по населени места каде јавноста навремено ќе биде информирана за посета на населените места и локациите за собири, ги повикуваме сите граѓани на општина Дебрца, да дадат свој предлог, идеа, мислење.

Предлозите може да се доставуваат и електронски преку пополнување на формуларот во прилог.

Секој пополнет формулар и секоја идеа ќе биде темелно прегледани од нашите вработени и предлозите за нови проекти ќе бидат земени во предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2026 година.

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ДЕБРЦА 2026

    Ве молиме изберете во која област припаѓа вашиот предлог/идеја.
  • Ве молиме во кратки црти објаснете ја вашата предлог идеја/проект
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваш контакт број.
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваша е-маил адреса
Целосно расчистување на дивата депонија во с. Грко Поле

Целосно расчистување на дивата депонија во с. Грко Поле

Денес спроведуваме акција за отстранување на насип од над 300 m² отпад. Ова е само една од многуте локации што ги идентификувавме и влегува во нашиот план за чистење на сите диви депонии низ општината.
 Да бидеме одговорни – заедно!
Како локална самоуправа инвестираме во почиста и уредна животна средина, но успехот е можен само ако сите заедно бидеме внимателни. Апелираме до граѓаните:
• внимавајте каде го фрлате вашиот отпад и шут,
• пријавувајте несовесно однесување,
• заштитете ја природата што ни е доверена.
 Нашата визија – чиста и зелена Дебрца
Целта ни е Дебрца да стане препознатлива како примерна, еколошки свесна општина, каде што грижата за околината е заедничка вредност.
 Продолжуваме чекор по чекор
Активностите продолжуваат и на другите критични точки. Чекор по чекор да ја вратиме вистинската убавина на нашата општина.