Select Page
Предлог буџет на општина Дебрца за 2021

Предлог буџет на општина Дебрца за 2021

Предлог Буџетот на Општина Дебрца за 2021 година ги содржи планираните приходи на Буџетот за 2021 година и планираните проекти за реализација од Буџетот во 2021 година.

Имајќи предвид дека буџетирањето е двонасочен процес (за и од граѓаните), применет е партиципативниот принцип на буџетирање при поставување на приоритетите на локалната заедница.

Предлози и сугестии може да се поднесуваат на контакт инфо:

  • Адреса:
    с.Белчишта бб, 6344
  • Работно време:
    Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот
    (Пауза од 11:00 до 11:30 часот)
  • Телефон (централа):
    +389(0)46 286 855
Предлог Буџет 2021

Предлог Буџет 2021

Предлог буџет на општина Дебрца за 2021

КОНКУРС за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република С. Македонија за учебната 2020/2021 година

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Дебрца објавува:

 

 

КОНКУРС
за доделување стипендии на одлични  ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република С. Македонија за учебната 2020/2021 година

 

I.ВОВЕД

Општина Дебрца за учебната 2020/2021 година ќе додели стипендии на одлични ученици од општина Дебрца, запишани на јавните и приватните средни училишта во Република С. Македонија.

 

  1. II. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република С. Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

  1. Да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале континуиран одличен успех;
  2. Да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;
    3. Да не повторувале година во текот на образованието;
  3. Да имаат континуирано примерно поведение;
  4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
  5. Да се државјани на Република С. Македонија и жители на општина Дебрца.

 

Критериум за доделување на стипендиите се:

-остварениот успех,

-освоени награди на меѓународни/државни натпревари освоени во текот на претходните две учебни години за учениците од прва година, односно во текот на претходната учебна година за учениците од II, III и IV година.

 

III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои се пријавуваат но конкурсот, треба да го  пополнат потребниот образец  за пријава поставен на интернет страната  www.debrca.gov.mk.

Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:

  1. 1. Потврда за е редовен ученик во учебната 2020/2021 година;
  2. Фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
  3. Фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари;
  4. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
  5. Изјавапотпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
  6. 6. Изјава потпишана од родител-старател за користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се сложува Општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка.

 

  1. IV. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Пријавата со потребните документи, учениците треба да ги достават во рок од 15 дена, а најдоцна до 21.12.2020 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта , во затворен плик,  со назнака:  „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски  стипендии“.

 

 

  1. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500,00 денари месечно,  за девет месеци во текот на учебната година.

 

VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Пријавите нема да бидат разгледувани доколку доставената документација е:

-некомплетна и/или

-ненавремено доставена.

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до  31.12.2020 година на интернет страницата на Општина Дебрца.

Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.

 

 

ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                               Градоначалник

                                                                                                Зоран Ногачески

Потребните документи може да ги спуштите на следниот ТУКА

 

Градоначалникот Ногачески јавно ќе ги презентира предлог програмите за 2021 година

Градоначалникот Ногачески јавно ќе ги презентира предлог програмите за 2021 година

Почитувани граѓани,

Тргнувајќи од мојата заложба во изминативе три години од мандатот, за подигнување на нивото на транспарентност во работата на Општина Дебрца и со цел вие да станете активни чинители и активно да се вклучите во дебати кои директно влијаат на вашите индивидуални, групни и колективни интереси, оваа година поради Ковид 19 кризата одлучивме предлог програмите и предлог-буџетот на Општина Дебрца за 2021 година да го презентираме online преку платформите ZООМ и Facebook.

Презентацијата ќе се одржи во четврток  (10.12.2020 година) со почеток во 11:00 часот.

Ве покануваме да учествувате на презентацијата и да кажете свои забелешки и предлози во однос на буџетот.

Вашите разумни предлози ќе бидат земени предвид, ќе се разгледаат и според можностите ќе бидат внесени во предлог-буџетот на Општината за 2021 година, кој ќе биде доставен до Советот на Општина Дебрца за усвојување.

Со почит,

Зоран Ногачески

Градоначалник на Општина Дебрца

Врачени првите решенија за регистрација на фотоволтаични соларни системи преку проектот (МСИП)

Врачени првите решенија за регистрација на фотоволтаични соларни системи преку проектот (МСИП)

Во Општина Дебрца, Директорот на АЕРСМ, г-дин Нехри Емрула ги предаде првите решенија за регистрација на фотоволтаични соларни системи кој се реализира преку Министерството за финансии со грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општинските услугите (МСИП) и дел од добиените средства од овој грант ги искористи за:  Проектирање и изградба на фотоволтаични соларни системи во рурални општини.

Решенијата ги примија Градоначалникот на Општина Дебарца, г-дин Зоран Ногачески и Директорката на ОУ Дебарца с. Белчишта,  г-ѓa Билјана Славевска.

Известување за Здружението на пчелари

Известување за Здружението на пчелари

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 13.08.2020 год. (Четврток) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 21.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881: 230 231.

Со почит,

Одделение за
епидемиолошка дејност
Охрид
11.08.2020 година