Oct 31, 2018
Советниците од општина Дебрца, попладнево, во рамки на одржаната 16-та седница, ја усвоија предлог одлуката за доделување еднократна парична помош во висина од 100.000 денари за помош на охриѓанката Сара Настеска на која и е неопходно лекување во Германија.
На денешната седница на мој предлог Советот на општина Дебрца едногласно донесе одлука да се одобри еднократна парична помош, во износ од 100.000 денари за лекување на Сара.
На Сара и посакуваме брзо и успешно закрепнување и да се врати насмевката на нејзиното прекрасно детско лице.- напиша градоначалникот Ногачески на својот facebook профил.
Oct 29, 2018
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 16-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 16–та седница на Советот на општината Дебрца.
Седницата ќе се одржи на ден 31.10.2018 година (среда) , со почеток во 13.00 часот, во салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Записникот од 15-та седница на Советот на општина Дебрца.
- Предлог – Одлука за доделување на еднократна парична помош
- Предлог – Одлука за давање согласност на кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за периодот од 01.01.2018 година-31.03.2018 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за периодот од 01.04.2018 година-30.06.2018 година
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Петре Голабоски
Oct 25, 2018
Општина Дебрца
врој 12-2124/3
25.10.2018
Повик за поднесување на понуди (ППП)
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)
MSIP-IPA-NCB-022-18
1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за
овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31
јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010
година.
2. Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките
на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и
развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел
од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за
набавка на комунални возила.
3. Општина Дебрца во ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за
набавка на комунални возила за потребите на ЈКП Дебрца да ги достават своите
запечатени понуди за набавка на
• ЛОТ 1-Теренско моторно возило
• ЛОТ 2 –Возило за одржување на улици –трактор и приклучна механизација
• ЛОТ 3-Мини ровокопач и универзален ровокопач -наторувач (more…)
Oct 12, 2018
Денес во Дојран се оддржува главниот настан во чест на Европскиот ден на соработка.
И општина Дебрца се вклучи во одбележувањето на Денот на Европската соработка.
Со парнерите, Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменската област “Јасен” и Шумарскиот факултет го претставивме и симболично го означивме почетокот на Проектот CONSE-PP “Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област” , кој се финансира со средства од Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија.
Наши партнери од Република Грција се Грчката национална организација за земјоделски науки “Деметер” Солун и општина Терми, Солун.
Во Мешеишта имав средба со учениците од I до V одделение од Подрачното училиште, со кои споделивме и разменивме знаења за ЕУ, поделивме маички со европските ѕвездички и направивме заедничка фотографија со насмеаните детски лица.
Oct 10, 2018
Започнавме со реализација на уште еден капитален проект во општина Дебрца.
Се работи за реконструкција на две улици во село Мешеишта, во должина од 998 метри.
Со проектот се планира машинско стругање и машински ископ на постојната асфалтна површина, тампонирање, асфалтирање, уредување на дел од банкините со бекатон плочки-тротоари, решавање на проблемот со одводнувањето долж улиците (изградба на бетонски канали, бетонски каналети, цевасти пропусти, бетонски плочи, метални решетки ), уредување на просторот пред селската чешма.
Изведувач на градежните работи е АДГ Илинден Струга.
Вкупната вредност на работите изнесува 9.061.907,67 денари без ДДВ или 147.000 ЕУР.
Средствата се обезбедени од грант на ЕУ ИПА.

Oct 10, 2018
Во рамките на активностите за одбележување на Денот на европската соработка, денес, заедно со парнерите, Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменската област “Јасен” и Шумарскиот факултет го претставивме и симболично го означивме почетокот на Проектот “Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област / Македонија-Грција”.
Наши партнери од Република Грција се Грчката национална организација за земјоделски науки “Деметер” Солун и општина Терми, Солун.
Проектот е финансиран од Европската Комисија, Interreg IPA-Cross Border Cooperation Programme MK GR ( 85 % ) и Министерството за локална самоуправа на РМ ( 15 % ).

Целта на Проектот е да се обезбеди одржливо управување со заштитените области, екосистемите и биодиверзитетот.
Со Проектот за општина Дебрца се обезбедени вкупно 219.555,79 ЕУР, кои ќе се искористат за повеќе проектни активности, како што се:
-подготовка на оригинални слики и видеа од локална флора во Белчишкото Блато, развој на мобилна андроид апликација и реконструкција на објект во село Белчишта и негова адаптација во изложбен објект / музеј за флората на Белчишкото Блато.
Проектот е во функција на нашите заложби Дебрца ( во случајов Белчишкото Блато “Сини Вирој” ) да прерасне во атрактивна еко туристичка дестинација.