May 26, 2023
Започна замена на дел од регионалниот цевковод кој излегува од пумпната станица ,,Св. Еразмо”, со која се предвидува демонтажа на постоечка метална водоводна цевка ф315 и замена со полиетиленска HDPE цевка ф315 PN 16 во должина од 180м како и замена на фасонските елементи кои се составен дел од овој водводен систем.
Со овој зафат се подобрува активноста на регионалниот водоснабдителен систем како и намалување на дефектите на тој потег.
Средствата во висина од 3.782.826,00 денари со вклучен ДДВ се обезбедни од буџетот на Општина Дебрца

May 17, 2023
Денес во општина Дебрца, во присуство на претставници на општината, Единицата за спроведување на ПЕЕЈС при Министерството за финансии , Одборите на корисници претставниците на Градежен институт Македонија ја презентираа Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца.
Во презентацијата се претставени и воедно се разговараше за мерките кои може да се имплементираат во рамки на 3 (три) разгледани технички сценарија заедно со финансиската анализа за истите.
Физибилити студијата е изработена за потребите на подпроектот “Модернизација на јавното осветлување во населените места во општина Дебрца”, за кој општината има аплицирано за добивање на подзаем и грант од Министерството за финансии, а во рамки на средствата обезбедени со Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка.
May 12, 2023
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” успешно ја спроведоа акцијата за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН”, Заедно со Пивара Скопје и ПАКОМАК, со поддршка од Нула Отпад и Шпаркасе Банкa.
Aкција започнa во 9 и 30 часот на две локации и тоа: Училишниот двор на ООУ,, Дебрца”- село Белчишта и пред Административната зграда на Општина Дебрца – село Белчишта.
Двете Групи составени од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца” и Дел од Аминистрацијата на Општина Дебрца како и Градоначлникот заеднички пристапија на чистење на главната улица од влезот на село Белчишта, дел од регионалниот пат Ботун-Брежани, како и влезот од правец на село Злести кон село Белчишта, центарот пред Општина Дебрца, како и Училишниот Двор на ООУ ,, Дебрца”.
Собраниот одпад ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.
Општината и понаката ќе ги подржува ваквите акции бидеќи Грижата за животната средина е наша обврска !!!.


Apr 27, 2023
Општина Дебрца, ЈКП Дебрца и ООУ Дебрца се приклучуваат кон акцијата за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН”, Заедно со Пивара Скопје и ПАКОМАК, со поддршка од Нула Отпад и Шпаркасе Банка на 12.05.2023 година каде е предвидено акција да започне на две локации и тоа: Училишниот двор на ООУ,, Дебрца”- село Белчишта и пред Административната зграда на Општина Дебрца – село Белчишта. Учесниците заеднички ќе пристапат на чистење на главната улица од влезот на село Белчишта, Плато пред Општина Дебрца, како и Училишниот Двор на ООУ ,, Дебрца”.
МЕН ЕНД МАУНТЕН ја организира оваа пролетна акција за чистење секој втор викенд од Мај во период од десет години: почнувајќи од 2021 се до 2031 година (од 30-ти до 40-тиот роденден на нашата земја) со цел да се исчисти отпадот кој се создава и да го рециклираме во зелена иднина за нас и за генерациите кои доаѓаат.
Оваа ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 23 ќе се одржи на 12.-14. Мај 2023 година во
53 општини – што претставува повеќе од 1.500.000 граѓани. Годинешната ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД вклучува:
– 53 општини учеснички
– повеќе од 85% од вкупното население на Северна Македонија
– повеќе од 13.000 волонтери
– повеќе од 400 училишта
Согласно меморандумот меѓу Министерството за земјоделство и ДОО „Мен енд Маунтен “Организаторот има цел за секои 10 килограми собран отпад да биде засадено по едно дрво и да се формира шума што ќе расте секоја година со секоја ГЕНЕРАЛКА.
Feb 27, 2023
Ги подобруваме капацитетите на Јавното комунално претпријатие за поефикасно вршење на комуналните услуги. По поднесена апликација од општината преку Центарот за развој на југозападниот плански регион, програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година обезбедени се вкупно 323 канти за собирање на комунален отпад,со. запремнина од 240 литри. Кантите ќе бидат отстапени на трајно користење на јавното претпријатие,кое ќе ги користи за подобра покриеност на населените места со потребните садови за комунален отпад. И во наредниот период општината ќе продолжи со вакви активности,со цел подобрени комунални услуги за граѓаните.
Feb 1, 2023
Денес, во рамките на проектот ” Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам” реализирана е уште една проектна активност.
Поставени се три современи настрешници за автобуски стојалишта во селата Велмеј, Лешани и Злести
Проектот се реализираше во рамките на Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија,а партнери беа Црвениот Крст ОО Охрид,општина Дебрца и Алпинистичкото друштво Патагонија,од македонска страна и општина Грамш, од Албанија.