Sep 27, 2022
На денешната 85-та седница, Владата донесе Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа, по што ќе се пристапи кон изработка на Нацрт Законот.
Предлогот за прогласување на ова подрачје за заштитено е поткрепен со Студија за валоризација на Белчишко Блато-Парк на природата изработена во согласност со Законот за заштита на природата и е основа за подготовка на Предлог Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје.
Sep 23, 2022
Вчера на сметките на 20 родители на деца запишани во прво оддделение во ООУ “Дебрца” се исплатени по 5000 денари финансиска поддршка во рамки на проектот „Добре дојдовте првачиња“.
Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца, во вкупен износ од 100.000 денари.
Многу успех првачиња!
Sep 20, 2022
Почитувани,
Со особена чест и задоволство Ве покануваме на отворањето на Планинската куќа Брежани, реконструирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од ЕУ, Програма за прекугранична соработка со Република Албанија и Министерството за Локална самоуправа на Република Северна Македонија. Настанот ќе се одржи во село Брежани, општина Дебрца, на 30.09.2022 год., со почеток од 11:30 ч.
Покана и агенда во прилог.

Покана и агенда за настанот
Sep 14, 2022
Изминатиот период извршивме санација/реновирање на училишната зграда во с.Оровник. Средствата во износ од 587.300 илјади денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца. Продолжуваме континуирано да инвестираме во подобрување на образованиетo!
Sep 1, 2022
Вчера (31.08.2022 г) во Требеништа, Општина Дебрца, во присуство на претставници на Инвеститорот- Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Надзорниот орган, Изведувачот на работите и крајниот корисник на објектот- Општина Дебрца, беше извршен технички прием и предаден во употреба овој културно-историски дом.
Изминативе неколку месеци во внатрешниот дел извршена е целосна реконструкција на сите главни и помошни простории со што се овозможува понатаму да се организираат средби, манифестации, ликовни и друг вид поставки од интерес на граѓаните од оваа општина. Вкупната внатрешна корисна површина на објектот е 503 м2, а покрај тоа подобрена е енергетска ефикасност на објектот со изведбата на термо фасада.

,
Вкупната инвестиција е 3,8 милиони денари, при што поголемиот дел од средствата се од националниот буџет преку Програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој, а дел на средства за реконструкцијата обезбеди и Општина Дебрца. Изведувач на работите беше фирмата Тане 2007 ДООЕЛ Охрид.
Aug 31, 2022
Пред почетокот на новата учебна 2022/2023 година во основното образование, градоначалникот Ногачески приреди свечен прием за првачињата, кои од утре, 1-ви Септември за прв пат ќе седнат во училишните клупи во ООУ Дебрца.
Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата уште еднаш ја потенцирав нашата заложба дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.
Од родителите побарав своите деца да ги даруваат со голема и неизмерна љубов, бидејќи на тој начин, тие ќе можат поуспешно да се справуваат со нивните нови училишни обврски и да се изградат во етички силни и здрави морални личности.
Во оваа пригода на првачињата им беше доделен училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“, ,сопственост на Г-динот Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Западна Австралија, кој по потекло е од битолското село Цапари.
Во името на првачињата и на граѓаните на Дебрца, на Г-динот Капинков му изразувам голема благодарност.
Благодарност и до Г-динот Зоран Ќосески, почесен конзул на Македонија, во Перт, Австралија, по чија иницијатива фондацијата “Капинков” од 2013 година донира училишен прибор за нашите првачиња.
Оваа година за првпат општината за секое прваче ќе додели еднократна парична помош од по 5.000 денари. – изјави градоначалникот Ногачески.