Select Page
Општина Дебрца организира дводневна посета на 90-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2023”, Република Србија.

Општина Дебрца организира дводневна посета на 90-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2023”, Република Србија.

Општина Дебрца организира дводневна посета на 90-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2023”, Република Србија, кој ќе се одржи од 20-26 Мај 2023 година.

Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството. На него се претставуваат најзначајните компании во агроиндустријата, земјоделското производство, механизацијата, како и најдоброто во сточарството. Неодминливо место е за земјоделците и професионалната публика, на која земјоделството и е во фокусот на вниманието.

Општина Дебрца на земјоделците им обезбедува несекојдневна можност да бидат дел од овој настан.

Посетата на саемот е планирана за 24 и 25 Мај 2023 година, со едно ноќевање.

Трошоците за превоз се покриени од општината, а Ваше е да ги надоместите трошоците за ноќевањето ( околу 35 евра ноќевање со појадок ).

Од организациски причини ги замолуваме заинтересираните земјоделци и други граѓани, да се пријават најдоцна до 12 Мај 2023 година, на следниот контакт:

Ѓоко Јордески 078281242

Игор Калески 075391404

 

Положено  свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Кременатец“,Белчишта

Положено свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Кременатец“,Белчишта

Денес, со посета на Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Кременатец“,Белчишта  Градоначалникот Зоран Ногачески  положи свежо цвеќе каде се  одбележа 78 години од победата над фашизмот.

Градоначалникот Ногчески истакна дека Ние, граѓаните на Дебрца сме посебно горди на овој Ден, бидејќи Дебрца е местото каде се исковани најголемите придобивки од НОАВМ, 1941-1945 година.

Овој ден се одбележува и како Ден на Европа, бидејќи го означува пресвртниот момент во кој е дефиниран идниот изглед на Европа,а познатата Шуманова декларација, се смета за почеток на формирањето на денешната Европска унија.

9 Мај треба да послужи и како потсетник дека фашизмот во Европа и во светот никогаш не е искоренет и вистински поразен и дека против него треба да се бориме и денес, секојдневно, бидејќи антифашизмот, рамноправноста и почитта меѓу луѓето, без оглед на нацијата, верата, расата, полот се цивилизациски текови и вредности кои мора да се негуваат.