Select Page
Долно Средоречие

Долно Средоречие

Долно Средоречие е село во Општина Дебрца, во околината на градот Охрид. Околни села се Грко Поле на запад, Горно Средоречие на север, Злести на југозапад, Лешани на југоисток, и Белчишта на запад.

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебарца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото дел од тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Долно Средоречие, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Белчишта се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно Средоречие, Долно Средоречие и Злести.

Во 19 век, Долно Средоречие се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебарца, во Отоманското Царство.

Според некои истражувања во 1900 г. село Долно Средоречие броело 72 жители, сите Македонци христијани.Во 1905 г. Имало 32 жители.

Во 1953 и 1961 година, бројот на жители во селото бил пресметан во вкупното население на блиското село Горно Средоречие.

Според последниот попис на населението на Македонија, селото има 57 жители.

Долно Средоречие е македонско православно село. Селото е младо по постанок, настанато е средината на XIX век кога е настанато и Горно Средоречие.

Долно Средоречие е македонско православно село. Селото е младо по постанок, настанато е средината на XIX век кога е настанато и Горно Средоречие.

Родови во селото се: Цељковци и Циљкановци – овие два рода се доселени од селото Белчишта; Ботунци или Мацевци -доселени се од селото Ботун, таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло имаат од градот Закамен во Струшка Малесија.

Според истражувања во 1948 година, родови во селото Долно Средоречие се:

  • Староседелци: Циљкановци или Ѓулевци– по преданието тие живееле во атарот на селото, но кога Турците го претвориле селото во чифлик, се иселиле, од каде Циљковци се иселиле во Белчиштамоколу 1840 година, па околу 1890 година се вратиле во Долно Средоречие.
  • Доселеници: Цељковци или Чакулевци-доселени се во 1895 година од селото Горно Средоречие, а таму се доселиле од Издеглавје; Рајчиновци или Петковци– доселени се во 1916 година од селото Белчишта, таму припаѓале на истоимениот род; Мацевци – доселени се во 1919 година од селото Ботун, каде припаѓале на истоимениот род.

Во село Долно Средоречие има црква „Св. Богородица“, која е  изградена во 1936 година.

Познато е дека од село Долно Средоречие има иселеници во Охрид, од фамилијата Чакулевци.

Грко Поле

Грко Поле

Грко Поле е  село на Општина Дебарца, во областа Дебарца, во околината на градот Охрид. Селото Грко Поле се наоѓа во областа Дебарца. Околни села се Велмеј на северозапад, Лешани на југ, и Горно и Долно Средоречие на запад.

Во 19 век, Грко Поле се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебарца, во Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебарца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Грко Поле, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Грко Поле се наоѓало во некогашната Општина Велмеј, во која влегувале селата Брежани, Велмеј, Грко Поле и Лешани.

Според некои податоци во 1900 г., селото Грко Поле имало 20 жители, сите Македонци христијани. Во 1905 имало 48 жители , а во 1971 имало 63 жители.Според последниот попис селото брои 30 жители.

Грко Поле е македонско православно село. Селото е младо по постанок, основано е средината на XIX век од грчкиот род Маргаритовци, кои живееле во Охрид. Тие на лето живееле во селото додека зиме биле во Охрид. Потоа со селото завладеале Турци, тие ја купиле земјата и потоа се населиле македонски родови кои работеле за нив. Најстари родови во селото се Сошанковци и Џукаровци, пред крај на турското владеење се населиле и Малесорци.

Родови во Грко Поле се: Сошанковци – доселени се средината на XIX век од селото Сошани, каде биле старинци; Џукаровци – доселени во исто време со Сошанковци, доселени се од селото Белчишта, таму биле старинци и Малесорци (3 к.), доселени се 1909 година од селото Присовјани, Малесија.

Според истражувања во 1948 година, родови во селото Грко Поле се:

Лукачовци – доселени се околу 1870 година од селото Белчишта, каде имаат истоимени роднини, уште подалечно потекло имаат од селото Луково, Дримкол; Крстевци -доселени се во 1898 година од селото Долно Средоречие, а таму се доселиле од селото Сошани (затоа ги викаат и Сошанковци) во Сошани припаѓале на родовите Иловци и Андревци; Ристовци, доселени се во 1913 година од селото Присовјани, Малесија, каде припаѓале на родот Грковци, ги викаат и Малесорци.

Во селото Грко Поле е Црква „Св. Ѓорѓи“ која е  главна селска црква изградена 1935 година. Црквата се наоѓа на рид кој се издига североисточно од селото. Познато е дека црквата ја граделе членови на родот Лазоровци од Малесија, кои по името на областа од којашто потекнуваат ги нарекуваат и Малесорци.

 

 

Горенци

Горенци

Горенци е село во Општина Дебрца, се наоѓа во Струшко Поле на 13 км северозападно од Охрид. Според некои податоци во 1948 година вкупниот број на жители е 466 жители, во 1953 тој број изнесувал 512 жители, а од 1961 година бројот на жители се зголемил на 589, за да десет години подоцна во 1971 година е 605 жители.Во 1981 година селото брои 610 жители, во 1991 година 485, а веќе во 1994 година бројот на жители се намалува и изнесува 369 жители, а веќе во 2002 година бројот на жители опаднал на 316.

Селото Горенци е мешано македонско православно и албанско муслиманско, настанато е во почетокот на 19 век.

Во селото постојат два вида на родови:

Македонски родови: Ситниковци се најстар род во селото, Ивановци доселени се од селото Волино, Петревци, Чолевци доселени од селото Куратица, Николовци и Андреевци доселени се од дебрчкото село Велмеј, Скокљевци, Мицковци, Климовци, Тодоровци, Блажевци, Стојчевци и Крстановци.

  • Албански родови: Бајрамовци, Бељуљовци, Мустафовци, Биба доселени се од селото Поум, Дервишовци, Исе доселени се од селото Мислодежда и Бургад доселени се од охридското село Велестово.

Во селото Горенци има и Основно училиште “Дебрца” до V одделение, кое е подрачно училиште на ОУ “Дебрца” Белчишта.

 

Годивје

Годивје

Годивје е село во Општина Дебарца, во областа Дебарца, во близина на патот Кичево- Охрид.

Селото Годивје се наоѓа во областа Дебарца, на источните падини на Славеј Планина, оддалечено 27 километри јужно од Кичево и 38 километри северно од Охрид и Струга. Атарот на селото Годивје граничи со атарите на селата: Сливово на исток, Врбјани на север, Ржаново и Збажди на запад, Лактиње на југ, и Арбиново на југоисток. Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Горни и Долни Локви, Бел Камен, Војово, Присој, Корија, Рајчиница, Кобилица, итн.

Годивје е старо село, за прв пат под името Годивје се спомнува во 1582, кога припаѓало во Охридскиот Санџак, нахија Дебарца. Еднаш старото Годивје пропаднало, и народот се иселил во прилепско каде основале ново село Годивје. После пропаста на старото Годивје денешното Годивје го обновиле родови кои живееле во раселените села Војово и Гроов, тоа било средината на ХVIII век. Во Илинденското востание селото било запалено поради силната активност на месното население, при што биле запалени 98 куќи, а биле убиени и неколку невини жители, стари, млади. Населението многу страдало и во текот на Втората светска војна, тогаш трпело насилие од балистите. Од ова село искочиле и доста партизани, а во чест на загинатите партизани во селото има споменик.

 

Во 1873 година, селото имало 80 домаќинства со 225 жители христијани (Македонци). Според некои податоци од 1900 година, селото имало 550 жители христијани (Македонци).

Годивје е старо село, за прв пат под името Годивје се спомнува во 1582, кога припаѓало во Охридскиот Санџак, нахија Дебарца. Еднаш старото Годивје пропаднало, и народот се иселил во прилепско каде основале ново село Годивје. После пропаста на старото Годивје денешното Годивје го обновиле родови кои живееле во раселените села Војово и Гроов, тоа било средината на ХVIII век .Во Илинденското востание селото било запалено поради силната активност на месното население, при што биле запалени 98 куќи, а биле убиени и неколку невини жители, стари, млади. Населението многу страдало и во текот на Втората светска војна, тогаш трпело насилие од балистите. Од ова село искочиле и доста партизани, а во чест на загинатите партизани во селото има споменик.

Според податоците од 1873 година, селото имало 80 домаќинства со 225 жители христијани (Македонци). Според некои податоци  од 1900 година, селото имало 550 жители христијани (Македонци).

Годивје во целост е македонско православно село. Поголемиот број родови во селото се староседелски, кои некогаш живееле во сега веќе раселените села Војово и Гроов, кои постоеле во атарот на Годивје.

Староседелски родови се: Чораповци ; СекуловциПопаѓовциЈаковчевциШутаровци ; АндреевциДеспотовциБачовциСтанковци ; ДојчиновциШипинковци и Коруновци.

Доселен е само родот Ѓаковци кои потекнуваат од предокот Кузман кој после некое убиство со неговиот брат пребегнал од околината на Ѓаковица. Кузман дошол во селото Годивје, додека неговиот брат отишол во околината на Дебар.

Според истражувања во 1948 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Самарџијовциживеат по цело село, слават Св. Никола, за нив се вели дека први преминале од раселеното село Гроов; Продановци  живеат по цело село; Сталевци  живеат низ цело село, слават Св. Никола, за нив се вели дека дошле од Гроов после Самарџиовци. Се делат на МрдовциЃундалевциСтанковциБокелевци, Гршковци и СтолевциКуртовци  живеат во своето Куртовско Маало или преку село, слават Св. Никола, една нивна гранка се вика КарајоновциАпостоловци живеат во Куртовско Маало, слават Св. Никола; Шишковци живеат во Куртовско Маало, слават Св. Никола; Крилевци 1 куќа имаат во Горно Маало, а 4 во Куртовско Маало, слават Св. Никола; Шутаровци -живеат 5 куќи во Горно Маало, а 9 куќи во Долна Црква, се делат на Чолаковци  и Попаѓовци.
  • Доселеници: Ѓаковци или Ѓоковци)23 куќи им се на сред село, а 2 во Куртоско Маало, слават Св. Никола. Доселени се 30тите на XIX век поради крвна одмазда од околината на Ѓаковица, Метохија.

Во село Годивје има 3 цркви кои постојат и една која е урната или запалена.Таму се црквите Св.Ѓорѓија, Св.Никола, Св.Спас (кај месноста Црквишта), а во минатото во месноста Горица била црквата Св.Вартоломеј. Во ова село слави се Водици и Спасовден.

Населението од Годивје цело време се иселувало. Познати се следните иселени родови од селото.

Во селото Србјани е иселен родот Мијаилевци ,во селото Десово е родот Андрејевци,  во селото Горно Село е родот Ориѓани, во селото Песочани се Годивци; во Ново Село се Треневци.

После Втората светска војна околу 10 фамилии се отселиле во Војводина, во исто време и во Тиквеш се отселиле неколку фамилии. А од средината на 1950-тите населението почнало да се иселува по градовите. Најмногу се отселени во Охрид преку 80 куќи, но и во други градови во Македонија како: Скопје, Кичево, Струга, Битола итн. Иселеници има и во прекуокеанските земји пред се Австралија.

Врбјани

Врбјани

Селото Врбјани се наоѓа на надморска висина од 919 м, на источната страна на планината Стогово.Тоа е прво село во Горна Дебрца после највисоката точка на патот Кичево-Охрид наречено Пресека.Селото се наоѓа на 3км оддалеченост од регионалниот пат. Селото е на место каде одсекогаш можело да има населба.Има многу поволни природни и економски услови.Од западната страна се издига пространа планинска падина, израсната со дабова и букова шума.Од источната страна се простира ниско земјиште погодно за обработка.На планинскиот дел од атарот се наоѓа Црвено млаче, Годијов дол, Манастирец, Јагњештица, Локви, Секулица, Папрадница, Мирослајца, Јасика, и др.Источно се наоѓа обработлива земја Предалиште, Галвје, Св.Петар, Жежница, Луда вода Петрчане, Крст, Царев кладенец и др. На планинската падина се наоѓа Стојански извор, Жежов извор и Манастирец, а во подножјето на планината извира Петрчански и Царев кладенец.Многу е значаен Петрчанскиот извор од кој извира јака вода како река и на која некогаш имало воденица, а денес таа вода се употребува за селскиот водовод.Низ селото течат две реки, Голема река и Бигришка река, како извори на реката Сатеска.Изобилува со вода и извори на вода.Селото е со куќи од збиен тип и се состои од горно и долно маало.Последната куќа од селото во горно маало, се наоѓа на 970м надморска висина. Оддалечено е 26 километри јужно од Кичево и 39 километри северно од Охрид.Маалата се разликуваат и по родови: Анѓелески, Патникоски, Радески, Ќемалоски и други.Селото влегува во рамки на Општина Дебрца, која била создадена откако се споиле поранешните општини Белчишта и Мешеишта во 2004. Од периодот на 1994-2004 селото влегувало во некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 селото било во рамките на големата Општина Охрид.

Во периодот 1952-1955 селото било во рамките на Општина Сливово, во која општина освен Врбјани, влегувале и селата Сливово, Мраморец, Турје, Арбиново, Годивје, и Лактиње. Во периодот 1950-1952 селото влегувало во рамките на Општина Годивје, во која Општина биле селата Врбјани, Годивје и Лактиње.

 Селото Врбјани постоело пред доаѓањето на Турците во 1371 година.Селото името го добило по многуте врби кои ги имало меѓу двете реки.Покрај селото постоело уште едно село Нивишта со црквата Св.Петар и Св.Павле.Црквата Св.Ѓорѓија во село Врбјани според старите жители била градена од 1322 до 1340 година, а требало да биде осветена во 1345 година од Охридскиот архиепископ.Меѓутоа поради некои збиднувања архиепископот не дошол на осветлувањето на црквата и таа останала неосветена се до 1605 година.Со доаѓањето на Турците народот од селото Нивишта и село Врбјани, побегнале во планина во месноста Манастирец каде што формирале село со црква во која ималао крст со златен синџир, а ископини постојат и денес,а дел од населението избегало и во Прилепскиот крај каде што формирале села Врбјани и Годивје кои и денес постојат.Црквата Св.Петар и Павле која се наоѓа на околу 200 метри источно од селото Врбјани била подигната во 1938 година. Врбјани е чисто македонско православно село, по опстанок е многу старо и повеќето родови во селото се староседелци, еден дел од овие родови живееле во сега веќе раселените села Манастирец, Петрчани и Жежница.Според истражувања во 1948 година родови во селото се:

  • Староседелци: Анѓелевци живеат во Горно маало, Шамалевци живеат во Шамалеско маало, Поповци, Митревци, Божиновци, Гавриловци, Радевци, Јанкуловци, и Клајџиовци живеат во маало Вир.Мушевци и Муратовци живеат во Мушевско маало, Савевци живеат во Горно маало, Матевци куќите има се наоѓаат измеѓу Вир и Шамалеско маало. Сите староседелски родови слават Ѓурѓовден и Петровден.

Доселеници со позната старина: Дошлаковци доселени се средината на 19 векод Сливово куќите има се во Вретовско маало и слават Петровден.Војневци доселени 1860 исто така од Сливово, живеат во Анѓелевско маало и слават Ѓурѓовден.Локовци доселени се од селото Локов, Малесија, и живеат во своето Локовско маало и слават Петровден.

Во селото Врбјани живеат Македонци припадници на племето Брсјаци или Берзити.Од Врбјани се иселиле голем дел од населението, па така од голема преминала во мала населба.Според некои истражувања во 1900 година во селото имало 480 жители, во 1905 година 640 жители, па така од 1948 година кога бројот на жители бил 803 се до 1953 година кога се искачил на 879,а веќе од 1961 година бројот на жители почнал да опаѓа па така во 1971 година изнесувал 371,во 1981 година 229 жители, десет години подоцна во 1991 година 129 жители, 1994 година 106 жители, за да во 2002 година бројот на жители се намали на 58.

Младината на ова село покрај другите спортски активности најголемо внимание му посветувало на фудбалот.

Првата училишна зграда била изграде во 1860 година. Во почетокот на 20ти век во селото постоело егзархиско школо, во кое ученици учеле на бугарски јазик. За времето помеѓу двете светски војни во селото имало српско училиште, а поради немање свои пропагатори во Врбјани, во селото Србите поставувале за учители од други краишта, Во периодот по Втората светска војна во селото имало училиште до осмо оделение со интернат за децата од околните села. Па така освен од с. Врбјани учеле деца и од другите села.

До 1948 иселеници има од следните родови: од Анѓелевци иселеници има во Јабука, Војводина; од Савевци иселеници има во Бело Поле, прилепско  и во Глогоњ, Војводина; од Шамалевци иселеници има во Јабука, Војводина;од Поповци иселеници има во Јабука, Војводина; од Митревци иселеници има во Песочани; од Божиновци иселеници има во Бело Поле, прилепско; од Гавриловци иселеници во Охрид и во Издеглавје; од Калајџиовци иселеници има во Иванчишта, Копачка; од Мушевци иселеници има во Глогоњ, Војводина; од Вретовци иселеници има во Ново Село; од Пејовци иселеници има во Качарево, Војводина; од Матевци иселеници има во САД; од Патниковци иселеници има во Јабука, Војводина; и од Локовци иселеници има во Бугарија.

Во селото Пуста Река, крушевско е иселен родот Чкаловци во 1856 година.