Select Page
Заврши  првата фаза од проектот реконструкцијата на општинската зграда во село Белчишта

Заврши првата фаза од проектот реконструкцијата на општинската зграда во село Белчишта

Завршена е реконструкцијата на општинската зграда во село Белчишта / прва фаза,во која се изврши реконструкција на кровната конструкција,спомен собата од НОБ и поставување на ПВЦ дограма во деловите каде не беше поставена.

Проектот се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион,Програма за рамномерен регионален развој 2022-2023.

Вкупната вредност на работите изнесува 4.461.007 денари,од кои 3.695.600 денари ги обезбеди Центарот на ЈЗПР,преку Бирото за регионален развој, а 729.544 денари се учество на Општина Дебрца.

Во втората фаза,за која е поднесена апликација за користење на средства од Програмата за рамномерен регионален развој 2023-2024 се планира целосна реконструкција на зградата, вклучително и големата повеќенаменска сала.

 

Во 2023 година со средства од буџетот на општината ќе се реализираат и следните активности:

-санација на кровна конструкција на Дом во село Врбјани,

-реконструкција на кровната конструкција на Дом во село Годивје,

-реконструкција на објект на месна заедница/стара училишна зграда во село Песочани,втора фаза / надворешна фасада.

   

Честитка по повод 1.Мај – Меѓународниот ден на трудот

Честитка по повод 1.Мај – Меѓународниот ден на трудот

Почитувани сограѓани, почитувани работници !

Ви го честитам  1.Мај- Меѓународниот ден на трудот со желба за успех во работата, зачувување и унапредување на правата на работниците, достоинствен третман од општеството и заедницата кон вашиот труд и соодветна валоризација на истиот.

Работникот е нераскинлива алка  во сите економски,стопански и општествени текови во општината и државата и затоа ја заслужувате сета почит, внимание и достоинствено вреднување на Вашиот труд.

Бидете секогаш горди и достинствени на тоа што го работите, но бидете сложни и истрајни за унапредување на Вашите работнички права.

 

Честит, 1.Мај – Меѓународниот ден на трудот