Select Page
Јавна презентација на проектот „Дебрца-Археолошка топографија на старите градови и тврдини 2018“

Јавна презентација на проектот „Дебрца-Археолошка топографија на старите градови и тврдини 2018“

Во четврток 13.12.2018 година, со почеток во 11.00 часот, во салата за седници на советот на општина Дебрца, во село Белчишта ќе се презентираат резултатите од Проектот “Археолошка топографија на старите градови и тврдини во општина Дебрца 2018 “. Во рамките на проектот се изврши археолошки мониторинг на 10 најзначајни археолошки локалитети со цивилизациски карактер на територијата на општина Дебрца, изработка на археолошка, техничка, наративна и илустративна фото/видео документација.

Средствата за реализација на проектот, во износ од 100.000 денари се обезбедени од буџетот на општина Дебрца, конкретно од Програмата за развој на културата во 2018 година, а истражувањето го спроведе истражувачкиот тим на Филозофскиот факултет Скопје.

Презентацијата ќе ја изврши Раководителот на истражувачкиот тим, Проф. Д-р Виктор Лилчиќ Адамс. Поканети се сите заинтересирани лица кои сакаат да ја проследат јавната презентација.

Големина на Фонт
Контраст