Select Page
Градоначалникот Ногачески со честитка по повод Католички Божиќ

Градоначалникот Ногачески со честитка по повод Католички Божиќ

Искрени честитки до сите христијани кои денеска го слават Рождеството Христово Божиќ!

Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати Христос насекаде да ве води.

Среќен Божиќ, Христос се роди.

Ногачески гостин на 10-те години јубилеј од Регионалното Здружение на ветерани од одбраната и безбедноста за општините Охрид, Дебрца, Дебар, Маврово Ростуше и Ресен

Ногачески гостин на 10-те години јубилеј од Регионалното Здружение на ветерани од одбраната и безбедноста за општините Охрид, Дебрца, Дебар, Маврово Ростуше и Ресен

Денес, регионалното Здружение на ветерани од одбраната и безбедноста за општините Охрид, Дебрца, Дебар, Маврово Ростуше и Ресен, ја заокружи првата и влезе во втората деценија од своето постоење, како едно од најактивните и најмасовните во републичката организација. Како почесен гостин на прославата во просториите на здружението присуствуваше и градоначалникот Зоран Ногачески.

– Со особено задоволство, ја нагласувам секојдневна и сеопфатна соработката со Здружението на борците и поддржувачи , особено на планот на негувањето и афирмацфијата на револуционерните и борбени традиции. Во општина Дебрца, оспособивме 4 спомен објекти, како наш придонес за одбележување на настаните од НОВ: Спомен соба на НОВ во Дебрца (Белчишта), Спомен дом на Првата македонско косовска борбена бригада во Сливово, Спомен дом на ГШ на НОВ и ПОМ во Црвена Вода и Спомен соба на Шестата бригада и баталјонот „Мирче Ацев“ во селото Годивје, рече Добре Вељаноски – претседатек на здружението.

На денешниот собир во Охрид, градоначалникот на општина Дебрца, Ногачески нагласи дека ветераните секогаш ќе добиваат поддршка за проекти кои ја интензивираат прекуграничната и регионалната соработка и отвораат можност за заеднички настап со проекти пред европските фондови. Со тоа, рече Ногачески, ветераните ги унапредуваат соработката и разбирањето на народите од соседните пријателски земји во реализацијата на плановите и активностите на општините, ги промовираат, а сето тоа за добробит на нашите граѓани.

Присутните во преполнетата сала, пред почетокот на состанокот со едноминутно молчење му одадоа почит на прерано починатиот градоначалник на Охрид д-р Јован Стојаноски, кој им беше близок соработник, почитувач и содејник.

Предлог Буџет на ЕЛС Дебрца 2019 година

Предлог Буџет на ЕЛС Дебрца 2019 година

Предлагач: Градоначалник на ЕЛС Дебрца Зоран Ногачески
Изработил: дип.еко. Сашо Силјаноски

ПРЕДЛОГ БУЏЕТ НА ЕДНИЦАТА НА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ДЕБРЦА 2019 (кликни тука)

Буџетот е од граѓаните и за граѓаните и затоа секој треба да има пристап и увид во него.Ве охрабруваме и ги очекуваме Вашите мислења, предлози и сугестии по предлог-Буџетот на општината.

Ногачески оствари средба со учениците и наставниците од ОУ “Дебрца” учесници во Еразмус + програмата

Ногачески оствари средба со учениците и наставниците од ОУ “Дебрца” учесници во Еразмус + програмата

Градоначалникот Ногачески денес оствари средба со учениците и наставниците од О.У Дебрца, кои во рамките на проектот #play2adapt од Еразмус + програмата, учестваа на првата мобилност во градот Невшехир Турција.

Тие го информираа за нивните впечатоци од посетата во Турција, каде на достоинствен начин беа презентирани училиштето и општина Дебрца.
Проектот предвидено е да продолжи во месец Мај, нареднава година, со втората средба, каде домаќинк ќе биде општина Дебрца и ОУ”Дебрца”, а ќе присуствуваат тимовите на Грција,Турција,Шпанија и Португалија.


Имплементацијата на вакви проекти има особено значење за нашата општина и училиште, посебно за нивната меѓународна промоција и афирмација.
Изразувајќи пофалба и благодарност за успешно реализираните активности во Турција, на учениците, наставниците и директорката на училиштето уште еднаш им ја повторив нашата определба за безрезервна поддршка на сите активности на училиштето, не само за овој проект , туку и за други проекти и тековните активности.– изјави градоначалникот Ногачески по средбата.

In Memorium: Проф. Др. Јован Стојаноски

In Memorium: Проф. Др. Јован Стојаноски

Проф. Др. Јован Стојаноски не беше само Градоначалник на општина Охрид.
Тој беше голем пријател и на општина Дебрца и нејзините граѓани.
И не само пријател. Туку и повеќе од тоа. Неговото семејно потекло е село Ботун, Дебрца.
Тој беше професор на многу студенти од општина Дебрца.
Неговото прерано заминување е голема и ненадоместлива загуба пред се за неговото семејство, академската заедница, граѓаните на општина Охрид, но и за нас, неговите сограѓани од општина Дебрца.
Во знак на жалост и почит кон Неговата личност, утре, 17.12.2018 година, денот на неговиот погреб, знамињата пред зградата на општина Дебрца, село Белчишта ќе бидат спуштени на половина копје.

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Големина на Фонт
Контраст